Кафе муабет

ПОРАДИ НЕГО ГО ОСТАВИ СОПРУГОТ СО КОЈ ИМА ТРИ СИНА: Ова е момчето кое го освои срцето на Меган Фокс!

Меган никогаш не била посреќна...

34 годишната актерка Меган Фокс веќе неколку месеци ужива во романса со музичарот Ган Кели (30).
Машин Ган се најде во центарот на вниманието откако тој започна врска со атрактивна актерка која се разведе од нејзиниот сопруг, актерот Брајан Остин Грин, поради него.

фото инстаграм
фото инстаграм

Меган и Машин се запознаа пред една година за време на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ и започнаа врска што го потресе Холивуд. Сето тоа кулминираше во ноември минатата година кога Меган официјално поднесе барање за развод од Брајан (47), со кого има три деца, со цел да ја продолжи врската со Машин Ган.

фото инстаграм
фото инстаграм

Неодамна се шушкаше дека Меган и Кели се вериле затоа што актерката била видена со дијамантски прстен на раката. Тие ги демантираа гласините, наведувајќи дека сè уште не се подготвени за брак.

фото инстаграм
фото инстаграм

Иако Брајан за медиумите истакна дека тој и Меган се разведоа пријателски, тие беа фатени во лага – поранешниот пар повремено пука отровни стрели на Инстаграм. По првата заедничка фотографија на актерката со новото момче, на која во описот напиша „Дечко толку убав што боли. Моето срце е твое“, Брајан наскоро одговори.

Набргу по актерката, тој на својот Инстаграм профил сподели фотографии од неговите синови кои ги доби од Меган пишувајќи коментар во кој јасно алудира на објавата на неговата поранешна сопруга.

фото инстаграм
фото инстаграм

– Момци толку сте убави што боли Моето срце е ваше – напиша Брајан, а очигледно е дека пораката е одговор на зборовите на Меган.

Да потсетиме, Меган и нејзиниот сопруг се разведоа на многу невкусен начин, а особено 47-годишниот Грин даде горчливи и невкусни изјави во јавноста. Неодамна се појавија нови детали за оваа тужба за развод, која продолжи со истиот воинствен тон.

фото инстаграм

Поранешните сопружници побараа заедничко старателство над нивните три сина, а интересно е што тие не бараат алиментација за децата, туку за самите себе, како што пренесува „Us Weekly“.

фото инстаграм
фото инстаграм

Богатството на Фокс се проценува на осум милиони долари, исто како и на Брајан, но и покрај тоа, тие бараат алиментација еден од друг.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close