Новости
Познатата хрватска глумица се јави од Кина: Тука животот се врати во нормала, повеќе не носиме маски!
Витомира Лончар откива како тече животот во Кина во време на пандемија
Познатата хрватска актерка Витомира Лончар (61), која јавноста ќе ја препознае по улогата на Шефица Цвек, во филмот “U raljama života”, со Бата Живојиновиќ, веќе неколку години работи и живее во Кина. Поради пандемијата на кратко актерката се врати во Хрватска, но сега повторно е во Кина и се обрати до јавноста.
Таа открива дека во Кина луѓето повеќе не одат со маски и дека животот се вратил во нормала.
Витомира живее во кинескиот град Си ану и вели дека откако се вратила од Хрватска, тука се е нормално.
-Луѓето веруваат дека Кина ја контролира пандемијата. Доколку има нови случаи, тие веднаш се пријавуваат. Нашите животи се вратија во нормала. Животот е навистина нормален, немаме никакви ограничувања, учиме, живееме нормално, тука се отворени сите ресторани и се тече сосема нормално.
Во моментов, еден асимптоматски случај е пронајден во една провинција и тие веднаш го блокираа градот со 4,5 милиони жители и го затворија аеродромот. Во рок од два дена го тестираа целиот град рече актерката за телевизијата ИН Магазин Нова.
Витомира потоа додаде дека во Кина луѓето повеќе не шетаат со заштитни маски бидејќи нема причина за тоа.
Tаа истакна дека во одредени ситуации како што се собири, или автобуси и возови, луѓето носат заштитни маски. Тие исто така имаат кодови што се користат за следење на контактите.
-Кога ќе влезете во Кина, веднаш ве скенираат. Не дај Боже некој до вас да биде заразен, тие веднаш ве носат во болнница, нема тука откриј ми го контактот со заболениот- ќе ми кажете со кого сте биле во контакт – не постои такво нешто. Кога имате зелен код, се движите нормално, патувате и живеете сосема нормално – рече Витомира Лончар.
Извор: Vecernji.hr