Кафе муабет

Познатата Македонка „распали“ по женскиот род: „Жената треба да знае каде и е местото!“

Манекенката стана мета на критики после оваа изјава...

Важи за една од најзгодните и најатрактивни поранешни манекенки во земјава. Но, бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска  во изминатиот период покажа дека знае како треба и на естрадната сцена.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Имавме можност да ја видиме на овогодинешното издание на Макфест 2022 каде заедно со Борјан Илковски, попознат како диџеј Боно ја отпеаја песната  ,,Салса’’.

Пејачката секојдневно изненадува со нејзиниот смел и храбар стил на облекување, а доста провокативно се појави и на Макфест.

               Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Секојдневно е активна на социјалните медиуми каде постојано  објавува фотографии со кои ги воодушевува своите фанови.

Мината недела Кристина и’ беше гостинка на Снеже Велков во емисијата ,,Нешто Конкретно’’.

После емитувањето на емисијата Кристина стана мета на критики од женската популација поради нејзините изнесени ставови во емисијата.

                                                   Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Запрашана од Снеже Велков што го валка образот на една жена најмногу,  Кристина одговори:

,,Тоа значи колку жената има морални вредности. Мажот може да е неморален, но сепак секогаш ќе биде фраер и мачо. Јас го поддржува тоа, мажот да има поголема слобода, а жената да има граници. Жената не може да биде рамнорпавна со мажот. Иако и физички не сме еднакви, не можеме да одиме во војна’’

                                                       Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

После оваа изјава многу жени реагираа на социјалните мрежи со коментари и објави.

,,Поразителна изјава од жена’’, ,,Не е можно жена вака да размислува’’, беа само дел од коментарите упатени кон Кристина.

На изјавата на Кристина остро реагираше и пејачот од групата ДНК, Андреј, кој исто така беше гостин во ,,Нешто конкретно’’.

,,Мажот не може да е секогаш фраер и мачо, никогаш не сум правел нешто некоректно за да добијам нешто од жена и да се почувствува лошо таа. Мислам дека мојот образ е чист’’, истакна Андреј.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Инаку, манекенката Кристина Димитриевска и пејачот Даниел Кајмакоски ставија крај на нивниот брак во 2020 година.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

Пејачот продолжи да работи и живее во Белград, додека неговата поранешна сопруга, остана во земјава и почна да реди успеси во нејзината кариера.

Она што ги поврзува заедно е нивното синче Давид.

Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close