Кафе муабет

Шокантно тврдење на Душан: Тања ме изневери и со таксист- се спасив од неа, сега сум слободен!

Не престанува со изјавите за неговата сопруга...

Се уште легалниот сопруг на пејачката Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ откри шокантна тајна за пејачката.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Имено тој тврди дека пејачката го изневерувала додека биле во брак.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Беше и со таксист Но, се разбира, таа веќе не е моја грижа и проблем. Јас, фала богу, се ослободив од нејзините синџири. Најдов мир, љубов и среќа во животот. Сега се посветив максимално и работам на моите соништа и цели – изјави Душан за српски Курир.

фото инстаграм/Тања Савиќ

-Кога почнавме да се забавуваме, таа го изневери со мене. Кога се врати од Австралија, продолжи да се гледа со него. Мене лично ми го призна тоа. Слободно пишувајте се од збор до збор како што ви кажав. Знам кој е тој човек – рече тој.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Инаку викендов како бомба одекна веста за нејзината наводна бременост, а денес се пишува дека пејачката го изневерувала сопругот Душан Јованчевиќ со сопственик на синџир пекари од околината на Белград, тврдат блиски извори на пејачката.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Како што велат за српски Курир, пејачката била во тајна врска пред пандемијата на коронавирус. Набргу потоа, нејзиниот сè уште законски сопруг ги однел нивните деца во Австралија. Савиќ влегла во врска со богат бизнисмен кога имала многу проблеми во бракот и кога кавгите со Душан биле речиси секојдневни.
Пекарот го запознала на прославата што ја организирал за неговиот син за полнолетство, на која пеела Савиќ.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Според извори блиски до пејачката, тие останале во контакт и по прославата, а набрзо влегле во врската која ја криеле од сите. Меѓутоа, по извесно време сопругата на пекарот дознала дека сопругот ја изневерува, па го оставила.

фото инстаграм/Тања Савиќ

-Тој човек полуде по Тања, инаку е полн како брод! По семејната веселба тие останаа во секојдневен контакт, а потоа набрзо се видоа и започнаа врска. Тања му се пожалила дека има проблеми со Душан, но се плашела дека тој ќе замине во Австралија, што подоцна се случило. Беше и заљубена. Постојано ја опсипуваше со внимание и подароци. Кога сопругата на бизнисменот дознала за оваа афера, го оставила и се оддалечила, а неговите синови останале кај него. Беа заедно некое време, а подоцна Тања го остави за да ја реши семејната драма – вели извор запознаен со врската на пејачката, кој детално се осврнува на приказната.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Наводно ова му било најтешко на Душан, кој веднаш заминал за Австралија откако слушнал за измамата на неговата сопруга, по што пејачката влезе во правна битка да ги врати децата во Србија, но самата тврдела дека Душан ја манипулирал како и дека запознал нова жена во Австралија.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Сепак, нејзиниот се уште законски сопруг потврди дека една од причините за кавгата и лошите семејни односи меѓу Савиќ и Јованчевиќ е нејзината измама.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Време, само време, па се ќе ти биде јасно. Од еден на друг оди само заради опстанок. Таа е проколната, не знае што е љубов, а што живот. Таа е роб на себе, времето ќе покаже – изјави тогаш Душан за Курир, кога се дозна за нејзината нова врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

За нивната врска се шпекулираше со месеци а неодамна се појави и нивна заедничка фотографија на која се гледа како седат еден до друг во голема група.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Боже, какво прашање! Дали имам право да ја зачувам мојата приватност и да не морам да давам детали за мојот приватен живот? Не морам да одам на полиграф или не знам што. Пишувајте тоа е ваша работа. Ако имате докази – ги почитувам. Ако немате – и тоа го почитувам – рече Тања во една прилика.
Инаку дека пејачката е бремена ја издаде тестот за бременост кој наводно го купила.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Беше баш мирен ден, немав работа. Во еден момент влезе Тања и купила тест за бременост, но не мора да значи дека го купила за себе.

фото инстаграм/Тања Савиќ

А што и да го купила за себе? Млада е убава е, живот е пред неа. Знам и дека сака ќеркичка, па ете, јас од срце и посакувам тестот да биде за неа и да биде позитивен, рекла аптекарката за српските медиуми.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Сепак Тања Савиќ по овие шпекулации се уште не се огласила во медиумите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close