MAMA
Познатата актерка што ја обожаваше цела Македонија и нејзиниот сопруг се совршен пар!
Џоан Колинс зрачеше со холивудски гламур во четвртокот навечер, додека таа и сопругот Перси Гибсон присуствуваа на БФИ‘с Светлечкиот бал на плоштадот Лестер во Лондон.
Добитничката на Златен Глобус, 89, изгледаше шик оваа вечер во црна тоалета која имаше интересен квадратен облик околу вратот и мрежести надуени ракави.
Зрачеше покрај нејзиниот прекрасен сопруг 57 годишниот Перси, на синиот тепих во хотелот Лондонер, на кој се појавија држејќи се за рака. Парот изгледаше прекрасно како и секогаш.
Својот сјај Џоан Колинс го надополни со прекрасен дијамантски ѓердан и дијамантски обетки. Носеше прекрасни црно-сребрени високи потпетици во форма на шпиц.
Нејзините чоколадно кафени прамени беа обликувани во винтиџ кадрици кои и прилегаат на филмска дива, додавајќи смела палета на шминка, со црвен кармин на усните.
Нејзиниот сопруг ја надополни сликата за прекрасен и шик пар облечен во црн смокинг, со бела кошула и темна вратоврска.
Двојката се појави добро расположена, додека пристигнувајќи им мафтаа на присутните на настанот.
Луминос Гала настанот веќе втора година го слави филмот и филмскиот талент од минатото, сегашноста и иднината- при што се организираат донации и се собираат средства за едукација и поддршка на настани кои се случуваат на Британскиот филмски институт.
Џоан и Перси се во брак 20 години, откако се венчаа во 2002 година, две години откако се запознале за време на заедничка театарска продукција. Холивудскиот продуцент Перси кој е 31 година помлад од својата сопруга , е петтиот сопруг на Џоан, по нејзините бракови со Максвел Рид, Ентони Њули, Питер Холм и Рон Кас.