Кафе муабет
Погледнете каков фраер беше Боба на Брена во младоста: Од него беше фасцинирана и принцезата Лејди ди (ФОТО)
Боба и принцезата Дијана биле пријатели...
Сопругот на Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ е поранешен српски тенисер кој се натпреварувал за СФР Југославија.
Тој заедно со Ненад Зимоњиќ се единствените српски тенисери кои биле рангирани на првото место на АТП листата во конкуренција на двојки. Во поединечна конкуренција, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година и до полуфиналето на Вимблдон во 1986 година, а негов најдобар пласман во кариерата во поединечна конкуреција било 19. место на АТП листата.
Боба важел за голем шармер во тоа време, па од него била фасцинирана дури и принцезата Дијана која се запознала со него за време на неговата тениска кариера.
Боба во една прилика се огласи по овие гласини и потврди дека лично ја познавал принцезата.
“Една недела пред Вимблдон во 1987 година, се одржа хуманитарен натпревар под нејзино покровителство. Јас бев еден од учесниците, заедно со уште неколку познати тенисери, и тогаш ја запознав Лејди Дијана. Во првиот разговор таа ме праша дали јас сум тој тенисер кој има најсилен сервис. Доби потврден одговор. Следната година се одржа и егзибициски меч, па таа пак дојде. И пак ме праша дали мојот сервис е сеуште добар. Тогаш почнавме да се дружиме и се гледавме. Бевме блиски“, рече Живојиновиќ и за Курир се осврна и на наводите дека му се допаѓала Лејди Ди:
„Не сакам да зборувам за тоа сега бидејќи таа повеќе не е со нас. Голема работа е кога ќе дојдеш на натпревар да те бодри некој како неа затоа што не се случило некој од кралското семејство да навива за тебе од трибините“.
Живојиновиќ откри што го импресионирало кај принцезата:
“Таа навиваше за мене. Ми беше исклучително драго што таква жена ме поддржуваше. Го сакаше начинот на кој играв и се однесував на теренот и се што одеше со тоа. Дијана беше прекрасна личност со која можев да зборувам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Бев изненаден колку е природна жена. Ми беше чест што ја познавав. Нашите долги разговори се состоеја од приказни за секојдневните работи и нашите деца. Филип е иста возраст како нејзиниот помал син Хари, така што тие беа главно теми за разговори“.
Од 1981 до 1996 година, принцезата Дијана беше во брак со сегашниот крал на Обединетото Кралство, Чарлс III. Тој брак беше крунисан со раѓањето на принцовите Хари и Вилијам.
Откако се раздели од првата сопруга Зорица, со која го има синот Филип, Боба Живојиновиќ се ожени со Лепа Брена и со неа ги доби синовите Стефан и Виктор.
По разводот, Лејди беше свршена за Доди ал-Фајед, и двајцата загинаа во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз.