Кафе муабет
Погледнете во каква убавица порасна внуката на Цеца- Ги засени сите на роденденот на Анастасија!
Невена изгледа како модел...
Ќерката на Лидија Оцокољиќ се појави на роденденот на својата братучедка Анастасија Ражнатовиќ ….
Имено Хелена Оцокољиќ,внуката на Цеца, предизвика воодушевување меѓу присутните гости кои беа на забавата кај Анастасија Ражнатовиќ.
Внуката на Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави дотерана во кусо фустанче со нејзината мајка Лидија, а на многумина не им се веруваше колку пораснала и колку се променила.
Хелена која има 17 години на споменатиот настан блесна во краток фустан и високи потпетици, а многумина ја споредуваат со модел бидејќи е висока околу 180 сантиметри. Со долгите нозе, беспрекорната шминка и фризурата Хелена го украде шоуто.
На фотографиите може да се забележи дека Хелена многу личи на својата мајка, а изгледа дека убавината е во нивните гени.
Познато е дека Цеца и нејзините сестра Лидија се неразделни, а со неа се многу блиски и Вељко и Анастасија.
Инаку, Лидија Величковиќ Оцокољиќ и нејзиниот сопруг Предраг, поранешен фудбалер, се во брак 16 години.
Покрај Хелена, тие имаат уште три деца – синот Виктор и близнаците Илија и Петар.
Нивната мајка Лидија и покрај тоа што има родено четири деца и е во години, се уште изгледа како манекенка.
Познато е дека Лидија е мошне блиска со својата сестра Цеца, но и со нејзините деца, Вељко и Анастасија, кои никогаш не криеле колку важно место во нивните животи зазема нивната сакана тетка со која со години заедно живееја.
Вељко дури и го има истетовирано нејзиното име, а Цеца повеќе пати истакнала колку и значи нејзината поддршка.
„Најголемиот дар што покрај децата можев да добијам од Господ е сестрата. Мојата Лидија ме поддржува и кога не сум во право, ме штити и ме прави да бидам уште посилна во животните моменти. Насмевки, солзи, среќа, тага и радост, но и се што животот може да го направи со тек на годините, полесно го поминував покрај неа. Ме гушкаше со љубов кога бев тажна, ме тера да се смеам кога не е се баш највесело“, изјави Цеца за својата сестра Лидија во една пригода.