Uncategorized
По стапките на мајка и: Ника Тошиќ поставува модни трендови- нема да верувате колку потсетува на Карлеуша
Помалата ќерка го следи трендот...
Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повеќе наликува на својата мајка. Имено малата наследничка до пред извесно време беше во сенка поради нејзината сестра Атина Тошиќ, но сега Ника се повеќе е интересна за медиумите.
Исто како и нејзината мајка, која ја копираат многу локални и светски ѕвезди, Ника Тошиќ стана трендсетерка. Фризурата на Ника Тошиќ, која спектакуларно ја заврши минатата година, оваа пролет стана водечки тренд.
Имено, кога Ника Тошиќ ја обои косата во сино кон крајот на зимата, немавме поим дека оваа пролет ќе биде водечки тренд.Затоа некои од познатите пејачки подоцна ја ископираа фризурата на Ника.
Дека мама Јелена е идол на Ника покажува и фактот што таа постојано ја копира.
Така неодамна Ника беше фотографирана во базенот како сирена, а освен што доби бројни комплименти, воодушеви и со сличноста со нејзината мајка Јелена…
Ника Тошиќ до сега важеше за наследничка и копија на нејзиниот татко, сепак, по нејзината последна фотографија, мислењата беа поделени, бидејќи нејзината мајка има идентична фотографија од базенот, па гордо ја коментираше фотографијата на Ника, среќна што нејзината помлада ќерката е мајкино девојче.
Ќерките на Јелена Карлеуша се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.
Поголемата од нив, Атинa која работи како фотомодел, веќе има снимено неколку модни реклами.
Многумина коментираат дека несомнено потсетува на својата позната мама и веќе е идол на многу девојчиња на нејзини години.