Кафе муабет
ПО РАЗВОДОТ НЕДА БЕШЕ ВО ВРСКА СО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ФРАЕРИ ВО ЈУГОСЛАВИЈА! Тој денес е во брак со нејзината колешка
Наводно се забавувала со Саша Поповиќ...
Неда Украден важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот, а фактот што Неда продала повеќе од 2 милиони плочи кажува многу за неа.
Југословенскиот печат на големо пишуваше за нејзиниот развод од поранешниот сопруг Милан Билбија.
Имено, како што пишува „Глоси“, во текот на 80-тите години на минатиот век, Неда била во врска со Саша Поповиќ, кој во тоа време бил еден од најпосакуваните фраери низ цела Југославија како член на „Слаткиот грев“ кој тргнал по стапките на Лепа Брена.
Украден и Саша наводно биле во врска по нејзиниот развод, а потоа Поповиќ започнал врска со Злата Петровиќ, пред да се ожени со Сузана Јовановиќ.
Ниту Саша ниту Неда не ги потврдија овие гласини.
За време на гостувањето во една телевизиска емисија, Неда Украден откри дека според неа совршенот маж треба да е шармантен, образован и забавен маж.
Пејачката има една ќерка Јелена од бракот со познатиот режисер Милан Билбија.
Нивната љубов траеше 10 години, а потоа следуваше развод. Поранешниот сопруг на Неда почина пред 8 години, а пејачката еднаш откри дали повторно би стапнала на лудиот камен.
– Да го немам овој ум, ќе можев. Но велам, се обидов, видов, не успеав, некако сфатив дека немам што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почетокот, сите се полни со разбирање, сите не сакаат затоа што сме интригантни, фини, згодни, привлечни, еротски, невротични. И тогаш почнува реалноста и разоткривањето, па почнуваат да се случуваат драми, колку си подготвен, внимателен, тактичен, одговорен, совесен и колку и да си пријател, толку врски функционираат – изјави Неда во емисијата „Магазин ИН“ пред неколку години и додаде:
– Доколку прерасне во суета, докажување, тогаш не чини. Се работи за тоа дали имате сојузник, пријател, партнер или некој на кој се докажуваш. Класичен судија за прекршоци кој ве испрашува.
Да потсетиме, Неда и Милан се запознале кога пејачката имала 18 години, а тој 14 години постар од неа. Во бракот ја добија ќерката Јелена од која пејачката има три внуци.