Новости

По нејзиното раѓање се соочивме со голема болка- “Најжешкиот дедо” ја покажа својата ќерка и откри детали за нејзината болест!

Џанлука Ваки во ноември стана татко

Џанлука Ваки или како што јавноста знае да го нарече најзгодниот дедо во светот,  ја покажа својата ќерка на која и дадоа необично име Блу Јерусалема.

Тој сега за шпанското списание „Hello!“ искрено проговори за раѓањето на ќеркичката и откри дека таа всушност се родила со болест која ја има едно од седумстотини бебиња во светот.

Ексцентричниот милионер, кој привлече внимание со својот луксузен начин на живот и неговата свршеница, која е скоро две децении помлада, добија ќерка пред два месеци.

Во својата објава на „Инстаграм“ тој ја претстави наследничката и откри дел од неговата исповед.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

 

– Со многу љубов сакаме да ја споделиме приказната за раѓањето на нашата Блу Јерусалема. Пресреќни сме што конечно ја запознавте. Блу е родена со расцеп на непцето, а нашите срца беа со неа и другите семејства уште од првиот ден, кои се соочија со овој проблем. Станува збор за состојба со која се раѓа едно од седумстотини бебиња во светот – напиша грижливиот татко.

 

– Благословени сме што зад нас има одличен медицински тим кој ќе и обезбеди на нашата ќерка соодветна грижа и операција, што ќе и овозможи да живее сосема  нормално. Сепак, многу семејства немаат толку среќа, па затоа решивме да ја прошириме свеста на луѓето на овој начин и да поддржиме фондации кои им помагаат на луѓето кои се соочуваат со истиот проблем.

Со љубов, Шерон и Џанлука.

Блу Јерусалема е слатко девојче, кое има неверојатна љубов и поддршка од нејзините родители, а нејзините татко и мајка ќе дадат се од себе за да создадат вистинска бајка од нејзиниот живот.

Заедничкото патување ќе го започне борејќи се за закрепнување, а потоа секој чекор во животот ќе го претвори во чекор кон среќата.

53 годишниот Џанлука Ваки во ноември годинава стана татко, а по повод доаѓањето во домот приреди убаво изненадување, за да ги пречека својата сопруга и Шерон Фонсека (25) и нивната ќерка Блу Јерусалема.

Имено тој го украси дворот со розови балони, насекаде имаше поставено играчки за својата ќеркичка, а неговата сопруга едноставно не можеше да издржи и се расплака на овој гест од грижливиот татко, а кога ја видоа нејзината реакција се расплакаа и вработените во куќата.

foto: tuko.co.ke

– Таа е со нас. Јас и Шарон сме среќни да објавиме дека утрово се роди нашата ќерка Блу  Јерусалема Ваки. Фала му на Бога, таа е здрава и ние едноставно ја сакаме повеќе од нашите животи – напиша Ваки на својот Инстаграм профил, веднаш по раѓањето на малото девојче.

Ваки и Фонсека се во врска веќе две години, а се запознаа на снимањето на музичко видео каде се заљубија на прв поглед.

Тој и неговата 27 години помлада избраничка секогаш истакнуваат дека разликата во годините воопшто не им пречи. Џанлука често пати изјавува дека има енергија на 15-годишник.

Ваки и 25 годишниот модел Шерон Фонсека денес живеат на раскошниот имот во Болоња каде имаат дури три базени.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close