Кафе муабет

По гласините дека исчезнала во земјотресот конечно се огласи турската актерка: Еве каде била цело време додека фановите се грижеа дали е се во ред со неа

Таа е добро, имала проблеми со ногата...

Пред извесно време во медиумите излезе веста дека наводно турската актерка Џансу Дере исчезнала по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Фановите беа загрижени по оваа вест и со нетрпение очекуваа актерката да се појави и да ги демантира таквите гласини па по неколку дена излезе фотографиај на која се гледаше како актерката помага на настраданите од земјотресот.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу сега конечно проговори откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди земјата пред повеќе од еден месец.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Актерката сега за турскиот Си-Ен-Ен изјави дека некое време не била во јавноста бидејќи имала повреда на ногата и се опоравувала во својот дом.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

„Не ми беше намера да загрижам никого. Јас не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти“, изјави ѕвездата на турската серија Езел.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Инаку 43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија.

По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Приватниот живот на оваа убавица е толку турбулентен што ниту една сапуница не би и била рамна.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Најмногу била разочарана од врските кога во 2009 година требало да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се вљубил во нејзината најдобра пријателка Аху Јагта, со која Џансу учествувала на ревии на почетокот на нејзината кариера.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Тој се оженил со неа и добиле дете но среќата не траела ниту три години. По распадот на бракот Џем се обидел да се врати кај неа,но таа повеќе не ни размислувала за тоа.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

– Поради тоа плачев со денови. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Моите пријатели работеа напорно околу мене, постојано ме изнесуваа надвор, се обидуваа да ме насмеат и расположат, но јас тонев се подлабоко во мојата депресија, изјави тогаш таа.

фото Инстаграм/ Џансу Дере

Кога реши повторно да и даде шанса на љубовта, и започна врска со нејзиниот менаџер Џем Ајдин, повторно беше изневерена.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Ладна сум како мраз и таква ќе останам. Некои работи не ја засегаат јавноста затоа што се приватни, па се однесуваат само на мене. Не им се оправдувам на моите родители, ниту на другите. Лажењето е толку лоша особина што не сакам да имам лажго во мојот живот. Всушност, колку побрзо тој излезе од мојот живот, толку подобро, барем според мене, рече тогаш таа.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу Дере се уште ја бара својата сродна душа, но поради се што и се случи во љубовта, денес тешко се впушта во сериозни врски. Порано имала конзервативни ставови за бракот. Таа не ги поддржуваше разводите, ги сметаше за погубни, а пред брак не би се согласила да живее со маж под ист покрив.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close