Кафе муабет

ПЕЈАЧКАТА ДОЖИВЕА ИНФАPКТ СРЕДЕ ЕМИСИЈА: Сите останаа шокирани- сподели фотографија по немилиот настан!

Ивана Петерс пред ест години доживеа инфаркт на снимање...

Пејачката Ивана Петерс преживеа пекол кога доживеа срцев удaр среде снимање на шоу. Таа сега се присети на овој немил настан на својот Инстаграм профил.

foto instagram

На денешен ден пред шест години, пејачката со возило на брза помош била пренесена во болницата каде откриле дека има проблеми со срцето. За среќа, Ивана помина без поголеми последици.

– Шест години од срцевиот удар. Пх! Колку бев слаба и силна во исто време. Никогаш повеќе истата. Претпоставувам дека тоа така оди. И, некое време после тоа бев како модел. Љубов кон сите што беа со мене, моите блиски и сите пријатели кои беа вистински загрижени и ми испратија пораки. Првите две фотографии се од снимањето на РТС, направени половина час пред непријатниот настан. Кројачи и дизајнери на костуми – моја прва помош. Останаа веднаш по излегувањето од болницата – напишала Ивана.

фото инстаграм

Патем, пред неколку години Ивана зборуваше за срцевиот удар и опиша како се чувствувала.

– Болката беше неописливо силна и мислев дека никогаш нема да престане. Се онесвестив во таа агонија и кога дојдов на себе, следеше шок. Јас, млада жена која сè уште не наполнила 40 години и жесток поддржувач на веганската диета, имав срцев удар пред камерата, среде снимање на емисијата – рече тогаш и додаде дека чувствувала проблеми и порано.

фото инстаграм
foto instagram

– Недостаток на здив и замор дури и при искачување на вториот кат, трчање по автобусот и местење на креветот наутро не беа доволна причина да разберам дека нешто не е во ред се додека не почувствував неопислива болка на снимањето на емисијата, што мисвев никогаш нема да запре. Среќа во несреќа беше што тогаш се онесвестив, бидејќи ако бев свесна, веројатно ќе ја игнорирав таа болка како и сите претходни тешкотии и ќе си одев дома. На тој ден во март  и покрај веганската диета и релативно младата возраст, доживеав срцев удар, а тој непријатен настан сега е предупредување за целиот мој живот – рече Ивана.

 

foto instgram

Инаку неодамна во интервју за српски Курир, предизвикана од Марија Шерифовиќ, пејачката Ивана Петерс истакна дека не е точно дека рокенролот и поп музиката, жанровите што таа ги пее, не можат да заработат доволно пари, иако признава дека ситуацијата не е како што беше пред ситуацијата со коронавирусот.

– Времињата се тешки. Секој од нас се плаши за својата иднина. Не е точно дека неможам да го хранам своето дете, како што мислеа некои. Некако сите се навикнавме на оваа нова нормала. Сега треба да поставиме јасни правила за тоа кои сме и кои не сме. Порано беше можно да се живее добро од рокенролот, бидејќи се прилагодивме на нашиот пазар – рече Ивана за српски „Курир“.

foto instagram

Пред извесно време таа истакна дека музиката и била единствен извор на приходи.
Исто така, пејачката посочи дека не заработуваат сите пејачки иста суми на пари, па смета дека токму оние кои не се најголеми ѕвезди се во големи проблеми.

foto Facebook
foto Facebook
foto Facebook

„Тоа ми е единствен приход што го имам во животот. Ништо друго не правам. Само сум пејач. Од тоа се хранам себеси и своето дете и членовите на семејството на кои треба да им помагам. Ми недостасува и работата со која се занимавам зошто тоа е мојата љубов. Потполно се изгубив себеси и не знам што да правам ако не најдам некој начин да заработам пари поинаку.

foto Facebook
foto Facebook
foto Facebook

Сето ова што се случува најмногу влијае на музичарите кои не се мега ѕвезди, ѕвезди на фолк музиката и немаат кариера долга 50 години како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена. Јас навистина не успеав во животот да стекнам како нив. Се занимавав со некоја музика која мене ме подигнуваше, мислев дека придонесувам на домашната музичка сцена со квалитетна музика. Не сакам сега да се чувствувам виновна поради тоа што не се занимавам со некоја полесна музика или комерцијална.

Foto Facebook

Сите нас сега не погоди истата работа, со тоа што некои, со мерки на заштита можат да работат… лекари, забари, фризери“, рече Ивана.

„Јас конкретно не штедев. Немав голема заштеда која сум ја одвојувала за црни денови. Тоа никогаш во животот не сум го имала, зошто јас не функционирам на тој начин. Штом ќе тргнам да собирам пари за нешто – се троши.

Foto Facebook

Ако премногу штедам, јас не заработувам, Марфиев закон. Јас гледам на парите како на нешто што треба да тече. Не сум Пајо Паторот кој крие некаде на страна. „Зошто не си заштедила? Па не заштедив! Кој мислел дека вакво нешто ќе се случи? За права помош имам, но не знам како ова ќе продолжи. Сега живеам од Сокој и уплатите кои лежат од моите авторски права. Тоа се некои пари кои капнуваат во текот на годината, ама повремено. Освен тоа, имам добри семејни односи, така што се снаоѓаме и тоа е тоа… Понатаму не знам. Прилично се најдов во небрано лозје. Знаете, можам и јас да работам и некои други работи, но најдобра сум во ова што го работам. Можам да работам нешто што не е во мојата сфера… Не сме ние виновни што сме познати и што немаме сега работа, заклучи Ивана Петерс.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close