Кафе муабет

ОФИЦИЈАЛНО СТАВИЈА КРАЈ: Карлеуша призна дека се разведува од Душко- ја откри и причината за распадот на бракот ПО 14 ГОДИНИ

Повеќе не се заедно...

Пејачката Јелена Карлеуша денеска јавно призна дека по 14 години брак се разведува од сопругот, фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Таа на својот Инстаграм профил напиша соопштение каде открива и кој ќе го добие старателството над децата но и која е причината за распадот на бракот.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена изјавила дека Душко Тошиќ повеќе не се гледа себеси како дел од семејството, и дека ќе се разведат со заедничка согласност.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

“Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со заеднички договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата , нема да молам за разбирање од медиумите затоа што тоа е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само линчување и миење уста со нашиот живот, на што сум навикната… па АЈДЕ сум преживеала се, па ќе го направам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како досега. Веќе нема да се огласувам на оваа тема“, напиша Карлеуша.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Да потсетиме, нивната љубовна приказна започна на 28 јуни 2008 година. Јелена Карлеуша тогаш беше во седмиот месец од бременоста, но во венчаницата изгледаше неодоливо.

Фото Hello.rs

Без ниту еден вишок килограм, со свежо исончан тен по одморот во Турција Карлеуша изгледаше боженствено.

Фото Hello.rs

Пред точно 14 години парот го кажа судбоносното Да.

Фото Hello.rs

– Не се разведов и не му удрив шамар на Душко, јас сум нежна жена – ги демантираше Јелена Карлеуша неодамнешните шпекулации за пропаѓање на бракот со поранешната фудбалска ѕвезда. Оваа година е прилично чудна и веројатно најтешка во нивниот заеднички живот, иако по Божиќниот инцидент сите се прашуваат дали воопшто постои тој заеднички живот. Видовдан се уште е премногу важен датум во нивниот календар. Датумот кога си се заколнаа на вечна љубов.

Фото Hello.rs

Со пуштена руса коса, шминка и во мини труднички фустан, поп дивата влезе во хотелот „Президент“ во Ковилово и даде сигнал дека може да започнат последните подготовки за нејзината венчавка.

Фото Hello.rs

Во кристалната сала на хотелот, готвачот и менаџерот го комплетираа деталниот план за изгледот на раскошната маса. Садови со мраз, круши полнети со горгонзола и јагоди со спанаќ беа увертира за гастрономска авантура со мајсторски подготвен јастог, мисирка со сос од цреша и телешко месо во егзотичен амбиент. За естетскиот сегмент на прославата беа поставени сребрени и сатенски машнички, а спектаклот го збогатија бели кутии за подароци врзани со свила, свеќници од сребро и кристали, англиски порцелан, ЛЕД екрани, сцена осветлена во стотици бои.

Фото Hello.rs

Првиот танц беше најромантичното нешто што сме го виделе. Душко со бакнежи ги „пиеше“ солзите на Јелена, додека таа му шепна колку го сака. Младоженецот остана без кошула, кумовите се качија на столици, гостите се препуштија на танцување… Шампањ течеше како поток.

Фото Hello.rs

Кулминација на вжештената атмосфера беше скокањето во базенот, што најхрабрите гости со задоволство го прифатија. Душко во одреден момент се фатил за микрофонот и на својата сакана и го испеал стихот „Girls love diamonds“, а потоа самиот завршил во водата. Забавата траеше до зори, кога и најупорните со тешко срце сфатија дека е време да си одат дома.

Фото Hello.rs

– Душко е човекот на мојот живот. Тој е се за што потајно сонував – рече тогаш Јелена за Hello магазин.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Од бракот тие имаат две ќерки Атина и Ника. Заедно поминаа низ се, но имаше и многу убави моменти.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close