Кафе муабет

Осум години имам љубовник, а дома ме чекаат три деца и сопругот – не заслужувам тој да ме изневерува, јас сум одлична мајка и сопруга!

Чудо е што не полудев целосно заклучена во куќата со сопругот, со кого сум во брак 16 години, со мојот син и двете ќерки кои само гледаат во телефоните...

Додека тонеме во огромниот хотелски кревет, јас и мојот љубовник безгрижно ги истураме трошките од кроасаните по чаршавите. Некој друг ќе мора тоа да го исчисти. Можеме да уживаме и да се бакнуваме. Единствениот проблем е што мојот сопруг и тројца тинејџери ме чекаат дома.

Foto: Shutterstock/илустрација

Затоа уште повеќе ги ценам тие моменти. Дома ме чека само готвење, чистење, транспорт на деца и сè друго што оди со улогата на жена и мајка. Го имам истиот љубовник во последните осум години, и тој е моето бегство од таа реалност, изјави Силвија Тарнер за „Дејли меил“.

Затоа, не е ни чудо што едвај чекав конечно да се отворат хотелите по панемијата. Поминаа 16 месеци откако последен пат го видов мојот љубовник Том. Тој е консултант за ИТ и живее околу 200 километри од мене. Тој има 50 години, а јас 46.

foto ilustrcija

Карантинот беше суров кон сите нас кои имаме љубовна афера. Сè што имаме се хотелите, каде поминуваме безгрижни викенди. Сега кога се случи пандемијата, немаме избор освен да останеме дома. Чудо е што не полудев целосно заклучена во куќата со сопругот, со кого сум во брак 16 години, со мојот син и двете ќерки кои само гледаат во телефоните. Не се сеќавам кога последен пат ме погледнале во очи.

Пред неколку години, Том беше моето бегство од тоа. Том има добра плата и ние одиме во луксузни хотели. Таму целосно ги забораваме нашите грижи и нашето секојдневие. Мојот сопруг Мартин не ми купил цвеќе во последните 12 години, додека секој пат Том нарачува букет огромни цвеќиња во нашата соба.

foto ilustracija

Нема да ве изненади што и во мојот, како и во секој брак, има многу работи подметнати под килимот. Вината е моја и на Мартин, но резултатот е мојата афера која трае осум години.

Пред скоро две децении, Мартин и јас решивме да се преселиме во близина на неговите родители. Тогаш не знаев дека неговата мајка ќе може да се вклучи во секој дел од нашите животи. Тоа резултираше во кавги секој ден, и тие продолжуваат до денес. Мартин е секогаш на нејзина страна. Тоа е една од причините зошто не се чувствувам особено виновна за мојата афера.

foto ilustracija

Не сакам моите деца да растат без татко, не сакам да ја изгубат својата куќа и добриот и удобен живот, и затоа не планирам да го напуштам сопругот, но мислам дека го имам правото на малку среќа. Јас дури и не се одмаздувам со оваа афера на мојот сопруг, само сакам малку да уживам.

Се обидов да го поправам бракот со Мартин. Го молев неколку години да одиме на брачно советувалиште но Мартин одби. Тој е старомодно момче. Потоа дојде Том, кој и денес, по осум години, неуморно ми повторува колку сум убава и паметна, што ме прави да се чувствувам добро. Првото нешто што го правиме кога ќе влеземе во хотел со Том е тоа што ми прави топла бања со пена во која ми истура шампањ. Тогаш уживам, тој седи на работ на кадата и разменуваме новости од животот.

foto ilustracija

Потоа одиме во кревет, каде што тој е целосно фокусиран на мене и на моето задоволство, а јас на неговото. Пред пандемијата, беше лесно. Мојата работа вклучува многу патувања и конференции, така што никогаш немав проблем да најдам изговор зошто ме немаше цел викенд. Јас го правам она што го правеа милиони мажи со векови – сопруг кој оди на службени патувања, кој всушност ужива да биде со својата љубовница. Зошто тие можат а и јас не можам?

Кога се омажив, навистина мислев дека тоа е доживотно. Не планирав да го изневерам сопругот. Ниту Том не планира да ја напушти сопругата. Иако сме љубовници и двајцата сме посветени на браковите.
Иронијата е во тоа што знам дека ако бев во брак со Том, сигурна сум дека и тој ќе ме полудеше. Вака во луксузна просторија што подоцна ќе ја чистат собарките, тој е мојот идеален човек. Уште поголема иронија е што една од работите што ја обожавам кај мојот сопруг е неговиот морален компас. Јас навистина верувам дека тој никогаш не би ме изневерил. И би бил бесен ако ме изневери. Но, за разлика од Мартин, јас сум добар сопружник – го толерирам неговото семејство, давам се од себе за на никој во семејството да не му недостасува ништо. Јас сум секогаш тука за нив. Јас сум одлична мајка. Не заслужувам сопругот да ме измами.

foto ilustracija

Понекогаш замислувам дека му признав на Мартин еден ден дека го изневерив. Верувам дека ќе ми прости. Сепак, она од што се плашам е дека децата ќе го дознаат тоа. Не би го поднела нивното разочарување.

Пред да ме осудите, запомнете дека не сум единствениот случај. Јас и самата познавам еден куп мајки кои имаат „момчиња за викенд“. Ги гледав во спортски сали, бањи или слични места. За време на викендот одат со нив во хотели.

И сега, кога хотелите конечно се отворени, веќе во петок, го пакувам куферот и ставам насмевка на лицето, целосно подготвена за викенд на луксуз и уживање. Ќе живеам повторно и едвај чекам.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close