Кафе муабет
Оваа русокоса убавица е новата девојка на поранешниот на Цеца: Богдан ја замени пејачката за помлада, објави и прва фотографија и призна дека е заљубен?
Ја преболе Цеца...
Поранешното момче на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, откако стапи во врска со неа, а потоа и раскина, не престанува да ги полни колумните во весниците и е една од главните теми во медиумите.
Богдан важи за голем заводник и миленик на жените а шпекулациите за неговиот емотивен живот и статус секој ден се се погласни.
Но Срејовиќ до сега не се огласи на темата за новата девојка.
Не е познато дали згодниот Богдан бил задоволен што го поврзуваат со познати и помалку познати дами и поради таа причина останал таинствен, но сега очигледно решил да престане со сите гласини, и гордо да му ја покаже на светот својата избраничка со која заплови во емотивна врска откако ја преболи Цеца.
Во неколку наврати се пишуваше како неодамна бившиот на Цеца е среќно вљубен, и како среќата ја нашол покрај убавата Дарија, а сега се појави и фотографија која може да сведочи за тоа.
Имено, додека уживале во вечера во престижен ресторан, новата девојка на Богдан Срејовиќ го овековечила романтичниот момент и го објавила на социјалните мрежи.
Рака под рака и краткиот коментар „Љубов“ доволно кажуваат дека тој не сака да ги крие емоциите, а потврда за љубовта стигна и од Богдан, кој веднаш ја сподели објавата на својот профил.
Иако по раскинувањето со Цеца, малку се знае за неговиот емотивен статус, тој, според медиумите, веќе некое време е во среќна врска со поранешната девојка на познатиот рапер Ненад Алексиќ Ша, Дарија.
– Богдан и Дарија се запознале преку работа, двајцата се дружат во исто друштво и го сакаат ноќниот живот. Тие брзо се засакаа еден со друг и засега уживаат во нивната врска. Често може да се видат како шетаат заедно низ градот, на прошетки и во ресторани, не ја кријат својата романса – изјавил добро упатен извор за Ало.
-Дарија беше во врска со Ненад Алексиќ неколку години. Го чекала додека бил учесник во „Фарма“, а раскинале затоа што таа не сакала да се омажи за него. По неговото учество во Задруга, тие го обновиле контактот, но меѓу нив никогаш немало ништо повеќе од тоа – објаснил за медиумите изворот кој сакал да остане анонимен.
Дека тие минуваат се повеќе време заедно го потврдуваат и фотографиите кои Дарија ги објавува на својот профил, а на кои позира со Богдан.