Кафе муабет
Ова се братот и сестрата на Филип Живојиновиќ: Не се експонираат во јавноста, таа е вистинска убавица а тој е познат кошаркар
Одлично се согласуваат...
Филип Живојиновиќ синот на Боба Живојиновиќ, кој го доби од врската со Зорица Накиќ ужива во хармоничен брак со пејачката Александра Пријовиќ, а ретко се појавува во медиумите.
Тој неодамна објави фотографија на која е прегрнат со полубратот и полусестрата.
View this post on Instagram
Зорица Накиќ, мајката на Филип, подоцна се омажи за поранешниот хрватски кошаркар Иво Накиќ, со кој има две деца, Ива и Марио, кој е познат кошаркар и во еден момент играше за Реал Мадрид.
Филип сега на својот Инстаграм профил објави фотографија со братот и сестрата на која тројцата се прегрнати, а насмевката говори колку се блиски.
– Семејство – напиша Филип.
Во една прилика, Марио зборуваше за тамошните медиуми, каде рече дека и покрај бројните обврски, успева да слушне и неколку песни:
– Освен кошарката, која е моја најголема љубов и секако одличниот успех на училиште, без која не можеш да бидеш член на Реал Мадрид, сакам музика и слушам сè и во секој слободен момент, бидејќи ме опушта и ме прави посреќен и позадоволен – рече овој млад спортист во едно интервју.
Полусестрата на Филип, Ива Накиќ, ретко се појавува во јавност со него, а слободното време често го поминуваат заедно.
Неодамна тој го овековечи нивното заедничко дружење со фотографија на својот Инстаграм, она што сите го забележаа е дека насмевката ја наследиле од својата мајка.
Таа е родена од бракот на мајката на Филип, Зорица со кошаркарот Иво Накиќ, а од страната на неговиот татко Боба Живојиновиќ, Филип ги има браќата Стефан и Виктор.
Иако Боба е веќе три децении во брак со Лепа Брена сепак тој и Зорица и денес се во добри односи.
Филип Живојиновиќ често објавува фотографии на Инстаграм со неговата мајка, која, како што вели, е неговата најголема и безусловна љубов.
Додека Филип Живојиновиќ студирал во Америка, често го поминувал времето со Зорица и нејзиното семејство, а потоа Иво ја стекнал неговата целосна доверба. Ја сакаше својата мајка, беше приврзан за братот и сестра му и така Иво стана негов втор татко, подготвен да дава совети и поддршка во секоја прилика.
Она што е за восхит е односот што поранешните партнери, Боба и Зорица, успеаја да го изградат па Живојиновиќ и Накиќ често поминуваат време заедно за време на патувањата.
И додека едни велеа дека Брена наводно била причината за пропаѓањето на бракот на Зорица и Боба, други зборуваа за неа со почит, бидејќи таа секогаш била тука за Филип и го гледала буквално како да му е родена мајка.
Филип, синот на Боба и Зорица се ожени со пејачката Александра Пријовиќ во 2018 година, а снимките од венчавката покажаа дека поранешните партнери можат да им послужат како пример на другите во нивните врски.