Дом и семејствоНовости
Ова не го знаевте за Пријовиќ: Пејачката со овој гест изненади многумина- еве што направи за да и помогне на познтата кошаркарка!
Пријовиќ ја покажа својата хумана страна
Освен што е посветена на својата кариера, пејачката Александра Пријовиќ во јавноста важи и за посветена сопруга и мајка.
Иако за својот приватен живот не сака многу да зборува, сепак понекогаш знае да објави фотографија од своето семејство и од малиот Александар и да ги израдува фановите.
Малкумина ја знаат и приказната за хуманата страна на пејачката.
Имено оваа случка јавно ја обелодени кошаркарката Милица Дабовиќ која неодамна откри дека пејачката Александра Пријовиќ купила голем дел од гардеробата што таа ја распродавала поради тоа што немала пари и на тој начин многу и помогнала.
Милица тогаш ја нарече Александра „добра самовила“, а сега се појави и првата заедничка фотографија на пејачката и спортистката.
Александра Пријовиќ и Милица позираа прегрнати, а Дабовиќ покрај сликата напиша:
– Секој има своја добра вила, така и јас.
Да потсетиме, Милица Дабовиќ призна дека започнала да продава облека преку Инстаграм затоа што како самохрана мајка која моментално нема деловен ангажман, и недостасуваат пари.
Александра Пријовиќ купи најголем дел од споменатите работи и на тој начин финансиски и помогна на Милица.
Кошаркарката Милица Дабовиќ пред извесно време зборуваше за тешките моменти од минатото.
Посебно се осврна на таткото на нејзиниот син Стефан, за кого, како што вели, не знае ниту како се вика и што работи, бидејќи тој цело време ја лажеше.
– Имав многу непријатности, но кога сè ќе се смири и ќе помине времето, гледам дека луѓето веруваат во мене и ме сакаат токму онаква каква што сум. Скапо ме чинеше да бидам искрена. Со моите партнери ми се случија многу лоши работи. Бев психички малтретирана, од таткото на Стефан – Милица ја започна приказната на работ на солзи во емисијата „Специјален премиер викенд“.
– Само исчезна. Нема работа, колку што можев да дознаам од неговата девојка. Станав блиска со сите негови жени и дознав кој е и што е. Многу ми е мило што бев слепа. Зошто моето дете би сакало да види татко кој не сака да го види? Кој украде сè. Тоа најмногу ме боли, но тоа е завршена приказна. Стефан има прекрасно детство и се надевам дека ќе се појави личност која ќе ја замени таа фигура. Често мислам на таткото на Стефан. Неговото име не се појавува во матичната книга, бидејќи не го знаев неговото име. Ми призна дека е поинаква личност и тоа беше шокантно за мене. Никогаш не сакаше да биде во весниците, ниту да го види своето дете. Очите секогаш ми се полни со солзи кога ќе се вратам на сè низ што поминав, би раскажала се, но не можам. Моето дете може да поднесе сé, само не да ја види несреќна својата мајка – рече Милица Дабовиќ.
Инаку пејачката и вчера изненади многумина кога покажа како го заспива своето синче.
Имено таа откри дека пеејќи успеала да ги заспие и нејзината мајка Борка, и Александар.
Пријовиќ не престанува да изненадува.