Кафе муабет

Ова е Урош Б. (21) што го изврши новиот масакр – шокантни коментари под неговите објави на Инстаграм (фото)

Полициската потера по него е завршена утрово, околу 8 част, кога беше пронајден и уапсен во близина на Крагуевац.

Србија вчера вечерта ја снајде уште една голема трагедија.

Урош Б. (21) во селата во близина на Младеновац (градска општина која се наоѓа на околу 40 километри од Белград) тргна во крвав поход.

Тој наводно од својот Мерцедес, според се уште неофицијални податоци, пукал во 18 луѓе од кои најмалку осуммина го изгубиле животот.

Како што пренесуваат српските медиуми, меѓу жртвите и еден полицаец (21) како и неговата помлада сестра.

Според сограѓаните на убиецот, се работи за млад човек кој бил помалку чуден, но досега на тоа никој не обрнувал внимание.

Велат дека сакал да се шегува со сите и никој не можел ни да наслути дека може да изврши ваков злочин.

Фото: Социјални мрежи

Пукотницата се случила во селото Дубона, а напаѓачот рафалите наводно ги испукал од својот автомобил во движење.

Наводно осомничениот непосредно пред крвавиот поход бил во школскиот двор каде дошло до расправија, па момчето отишло до својот дом, го земал оружјето и почнал да пука по луѓето што ќе му се нашле на патот.

Убиениот полицаец (фото: Социјални мрежи)

Како што пренесуваат српските медиуми, убиецот наводно пукал во луѓето кои седела мирно на клупата. Една од жртвите на стравичниот злочин беше затекната од страна на неговата мајка во школскиот двор.

Како што пренесуваат медиумите, тој излегол од дома во вечерните часови за да се види со другарите во школскиот двор.

Бидејќи не се јавувал на телефонот на својата мајка која упорно го барала, таа се симнала во школскиот двор и го пронашла синот во крв под клупата.

Фото: Инстаграм/ 192.рс

Според последните информации, Урош се уште е на слобода и по него трагаат преку 600 полициски припадници.

Тој бегал низ селата и пукал, а медиумите пренесуваат и дека морбидни пораки се појавиле на неговиот Инстаграм.

Фото: принтскрин/ Инстаграм

Имено, на неговиот профил на Инстаграм се појавила нова слика под која можат да се прочитаат скандалозни коментари.

Фото: принтскрин/ Инстаграм

Некои корисници на оваа мрежа го нарекуваат „српски херој“ и му порачуваат да „не се предава“ што ги шокираше сите.

Фото: принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, Урош Б. од својот автомобил мерцедес пукал во деца, момчиња и девојки, а користел автоматска пушка.

Како што пренесуваат медиумите, убиени се најмалку осум лица, а ранети 13 кои се пренесени во болница.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

Осомничениот не е осудуван, но досега бил пријавуван за насилство и важел за проблематично момче.

Полициската потера по него е завршена утрово, околу 8 част, кога беше пронајден и уапсен во близина на Крагуевац.

Како што објави српскиот Курир, Урош наводно ги убил и своите најблиски роднини – еден братучед, снаата и својот внук од 12-13 години.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close