MAMA
Нова мерка против корона во МАРКЕТИTE: „Не плукај на прсти кога земаш кеса“
Оваа правило може да послужи и во другите маркети
Во делот каде се продава овошје и зеленчук во супермаркет во Босан и Херцеговинапоставен е натпис на кој пишува :„Одржувајте пристојна оддалеченост! Немојте да плукате на прстите кога ќе ги зимате од кесите“,
Оваа правило може да послужи и во другите маркети.
Лицата кои се сомневаат дека би можело да бидат позитивни на инфекцијата не траба да одат во купување и да ги изложуваат другите на ризик.
Па според нивнотот истражување главниот пат на пренесување е преку капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а често преку рацете, со допирање на носот, лицето по контакт со заразено лице.
Иако моментално нема докази дека храната би можела да биде извор или преносник на заразата со коронавирус, експертите советуваат засилени мерки на претпазливост при купување во маркетите за да се намали евентуалниот ризик.
Тие мерки, како што нагласуваат во Институтите за јавно здравје, меѓудругото подразбираат при престој во дуќаните да се почитува оддалеченоста меѓу луѓето од најмалку метар.
– Не треба да ги допираме предметите и намирниците кои нема да ги купиме, треба да го покриеме носот и устата при кивање, кашлање, а потоа го фрламе марамчето во ѓубре. Исто тка, потребно е да се мијат раце и да се користат средства за дезинфекција пред и после купувањето, велат експертите.