Кафе муабет
НИКОГАШ ПОСРЕЌНА – ЛЕЖЕЈЌИ ВО СКУТОТ НА САКАНИОТ, Јелена Спенџарска преку фотографии покажа како ужива во Солун
Среќна и заљубена ужива во Солун...
Периодов наназад водителката Јелена Спенџарска во многу наврати споделува фотографии и моменти со своето момче кое живее во Слун, соседна Грција.
Таа честопати е на релација Скопје-Солун ,а во последното интервју за Црнобело најави и преселба во Грција.
Во интервјуто за Црнобело Спенџарска открива повеќе за љубовта со саканиот Лукас, за врската, за идните планови.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Јелена за првпат споделува како се запознаеле со Лукас, и дека тоа навистина било љубов на прв поглед.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот, расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот. Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае, открива Спенџарска за Црнобело.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун. Морам да бидам и таму но и тука, сепак имам и доста приватни ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје кои бараат и физичко присуство. Не заминувам засекогаш. Тука сум и колку што можам им стојам на располагање на сите, плус не зезајте, еве го кај е. Ќе биде интересно.“- откри водителката за нејзините фанови.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Се чини како љубовта и преселбата во Солун навистина да и’ годат на водителката.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Вчера, таа објави фотографии на кои се гледа како ужива на мартовското сонце со саканиот Лукас.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Во описот на фотографиите на сите дами им честита 8-ми март и напиша:
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
„Немам од оние клише честитки за 8-ми Март да ви пишам денеска…. Мислам дека овој ден е многу повеќе од каранфили, пишување Фејсбук статуси и мешање по кафани.
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Посакувам да бидеме похрабри и да кажеме ДОСТА Е! Да не дозволиме луѓето околу нас, кои најчесто се тука да ни ги ‘подгреат’ стравовите да нè убедат дека не сме доволно вредни, силни убави… НЕ Е ТОЧНО!
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска
Овој ден е само уште едно потсетување колку сме моќни да донесеме убави промени на овој свет и да создадеме нешто уште поубаво од својот живот.“
Фото:Инстаграм/Јелена Спенџарска