Кафе муабет
Нема да верувате колку пари даде Карлеуша за овој стајлинг: Го запали “БЕЛГРАД” со овој аутфит
Го носеше својот омилен бренд...
Јелена Карлеуша направи вистински спектакл за новогодишната ноќ во познат белградски хотел.
Таа и овој пат направи забава за паметење и ги воодушеви своите фанови со својот стајлинг.
Карлеуша по тој повод облече специјални костими за кои со сигурност долго ќе се зборува. Таа најпрво се појави во проѕирен едноделен костим со сребрени светки, кој ја откриваше црната долна облека, додека на главата носеше детаљ кој асоцира на познатиот бразилски карневал.
Во вториот дел од настапот ЈК ја изненади публиката со футуристички металик стајлинг од еден од нејзините омилени брендови – Баленсијага.
Пејачката, како и обично, не штедеше пари на костими за новогодишната ноќ, па најголемиот дел од хонорарот го потроши на костими, кои познавајќи ја, ќе ги облече само еднаш.
Да потсетиме, ЈК неодамна почна да добива заканувачки пораки со навредлива содржина затоа што е обожавател на „Баленсијага“ и сака да ги носи нивните работи, а овој моден бренд неодамна се најде на удар на јавноста бидејќи кампањата за претстојната колекција користеше деца за рекламни цели, кои позираат со мечиња на кои има садо-мазо елементи, што наиде на бројни осуди ширум светот.
За костимот Јелена даде вртоглава сума. Хеланките чинат четири илјади и двесте евра додека горниот ролка модел чини две илјади и седумстотини евра. Целиот стајлинг со надополни со очила кои чинат речиси илјада евра.
Интересно е што оваа година од првите редови својата мајка ја бодреа Атина и Ника. Она што новинарите го забележаа е дека девојките многу пораснале а гордата мама откри дека овој пат тие се одлучиле да ги носат нејзините фустани.
Како што самата пејачка им откри на новинарите, ќерките го позајмиле стајлингот на нивната мајка за „најлудата ноќ“.
– Атина и Ника се тука, беа со мене и лани, сега веќе се во фустаните и чевлите на мајка им, тоа можам да ви го кажам, веќе се големи девојки, многу сум горда на тоа – изјави Јелена.
Ќерките на Јелена Карлеуша дочекот не го поминаа само со нивната мајка, која ја помина работно таа вечер, туку и со тетката на Јелена, Данијела.