Кафе муабет
НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ ЗА КОЈА ПЕЈАЧКА СЕ ГРИЖЕЛА ЛЕПА БРЕНА: Во младоста била дадилка ја чувала оваа пејачка кога била бебе (ФОТО)!
Заработувала за себе...
Лепа Брена пред да доживее успех и да стане она што е денес, една од најпознатите пејачки на Балканот, живееше како нормална девојка.
Бидејќи растела во петчлено семејство, било неопходно што поскоро да почне да заработува.
Така во младоста работела како бебиситерка, а јавноста можеби и не знае дека меѓу другото, се грижела и за популарна пејачка.
Кога дошла во Белград, видела оглас дека на едно семејство му треба дадилка за нивната ќерка Ана.
Тогаш ги запознала Цвета и Томислав, кои во тоа време и платиле стан во Ташмајдан, а таа се грижела за нивната ќерка и ја чувала по потреба. Подоцна се покажа дека и нивната ќерка е многу талентирана, а денес сите знаеме за Ана Штајдохар. Најпрво стана позната како пејачка на групата „Тап 011“.
„Навистина не се сеќавам на тој период, бидејќи бев бебе. Она што го знам е она што го слушнав од моите родители. Тогаш Лепа Брена беше само Фахрета Јахиќ, живееше во мал стан што и го изнајмија моите родители, долу под Ташмајдан. Работеше како бебиситерка и ме чуваше кога немаше никој друг. Набрзо нејзината кариера тргна во нагорна линија, а од тој период остана оваа симпатична анегдота. Исто така, може да се каже дека Брена ме предодреди на некој начин да се занимавам со музика“, изјави Ана во една прилика.
Иако денес е една од најбогатите пејачки во регионот, Брена и натаму е скромна и одмерена личност.
Имотната состојба на Лепа Брена, се уште е мистерија за јавноста и многу луѓе незнаат што се поседува таа.
Имено освен што е пејачка Брена има и други бизниси. Таа сега им испрати порака на оние кои се обидуваат да соберат колку пари има на сметка.
Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ неодамна објавија дека планираат да инвестираат во изградба на комплекс на Златибор, а често се шпекулира и за други нивни деловни потфати.
Медиумите пишуваат колку пари има пејачката на сметката, а таа вели дека не обрнува внимание на тие информации:
– Да размислував за тоа во последните 40 години, ќе завршев на клиника за ментално изненадени луѓе. Им дозволувате на медиумите да допрат до вашиот џеб до одредени граници. Но, тие не можат ни сами да го состават тоа, па го гледам како еден вид забава за нив – открила Брена.
Пејачката најави и дека во наредниот период нејзиното богатство ќе се умножи уште повеќе поради бизнисот што го започнува и дека дури тогаш е подготвена за се што ќе се пишува.
– Понатаму нема да можат да го соберат целото богатство!. Многу се работи и се инвестира паметно. Нашите деца пораснаа, тие сега се мажи кои се занимаваат и со бизнис, и јас сум исклучително горда на тоа – рече таа.
Од заработените пари брачната двојка со години инвестирала, меѓу другото, и во недвижнини, па изградиле вистинска империја, а моментално уживаат во богатството кое го поседуваат.