Кафе муабет
НЕВЕРОЈАТНО: Шминкер од овие невести направи вистински принцези- потполна трансформација!
Арбер прави потполна трансформација од невестите...
Секоја невеста за својот посебен ден, денот на венчавката сака да изгледа како вистинска принцеза.
Секако повеќето жени сакаат да изгледаат убаво и негувано секој ден, но на овој ден тие сакаат да изгледаат поинаку, и тоа да биде нивното најубаво издание со оглед на тоа што тие фотографии ќе останат засекогаш.
Фотографиите снимени на денот кога велат „судбоносно да“ остануваат вечно во сеќавање и затоа младите не оставаат ниту еден сегмент на случајност.
Така, за овој ден најчесто ангажираат професионалци, а најважното нешто кога станува збор за изгледот на невестата, се изборот на фризер и шминкер, кои всушност се задолжени за најголем дел од магијата.
Еден од нив е Арбер Битичи, познат шминкер со албанско потекло, кој својата работа ја насочи кон разубавување на невестите.
Судејќи според фотографиите, тој многу добро ја знае оваа работа. Тој споделува фотографии од девојките на својот Инстаграм профил, за кои се погрижил на денот на нивната венчавка да изгледаат волшебно.
Имено Арбен објавува фотографии со и без шминка а промената е навистина неверојатна.
Иако е потполно уникатна и убава секоја жена на свој начин, сепак секоја од овие девојки е претворена во вистинска принцеза со вештите раце и четката на овој шминкер.
Во продолжение погледнете ја галеријата и оценете сами дали навистина овој мејкап артист прави вистински принцези од невестите?