Кафе муабет

Не се појави ниту на неговиот роденден: Братот на Жељко Јоксимовиќ конечно откри во какви односи е со пејачот- оваа фотографија ги изненади сите

Му честиташе роденден со фотографија од детството...

Саша Јоксимовиќ се огласи откако во медиумите излезе веста дека тој  Жељко не се во добри односи па поради тоа не присуствувал на роденденската забава на неговиот брат.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Жељко Јоксимовиќ синоќа во друштво на избрано друштво го прослави својот педесетти роденден.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

На прославата присуствуваа неговите родители, ќерката Мина, како и синот Коста и близначките Ана и Срна, но меѓу бројните гости овој пат не можеше да се забележи и неговиот брат Саша, барем на фотографиите.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Саша Јоксимовиќ кој вчера цел ден објавуваше фотографии од патувањето во Неготин јавно му се обрати на својот брат чија прослава ја пропушти:

ФОТО:ATA Images
ФОТО:ATA Images

– 50 години! Времето брзо минува, грижи се за тоа дете во тебе и остани здрав, среќен и смеј се! Биди ми жив брату – му се обрати Саша на својот брат со фотографија која ги буди најубавите спомени од неговото детство.

фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ

Дури и да беше спречен да присуствува на прославата, Саша тој ден ја покажа својата братска љубов и уште еднаш ги замолкна сите кои се сомневаат дека врската меѓу браќата Јоксимовиќ е нарушена.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Инаку во последно време многу се шпекулираше и за бракот на Саша. Наводно тој се разведува од својата сопруга Невена по години брак.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Изјавата дека Саша и Невена повеќе не се заедно дојде по скокотливата објава на актерот на „Инстаграм“.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Имено, тој игра во серијата „Игра на судбината“, а на својот профил објави фотографија со непозната девојка, а подолу напиша „Конечно слободен“, што ја скокотка фантазијата на фановите и предизвика сомнеж дека тој се разведува. Актерот не сакал за медиумите да ја коментира оваа вест а тоа уште повеќе ги подгреа сомнежите дека веста за разводот е вистина.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Бидејќи братот на Жељко Јоксимовиќ често е отсутен од дома, поради неговиот ангажман можно е тоа да биде една од причините, бидејќи далечината може да доведе до заладување во врската. Втората претпоставка се заснова на претходните изјави на Невена во врска со семејството на Саша.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Имено, продуцентката еднаш во една емисија изјавила дека нема помош од родителите на актерот, додека нејзината мајка и татко се секогаш тука за да и помогнат околу сите обврски.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Родителите на Саша мислат дека кога ни треба помош за куќата и детето, ми помагаат мене- изјави тогаш Невена, која во една прилика откри дека не е во добри односи со братот на нејзиниот сопруг, ниту со неговата сопруга Јована Јоксимовиќ.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Сето наведено може да биде причина за кавга, па дури и пропаѓањето на бракот.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

За потсетување, во една прилика Саша за магазинот Glory.rs призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме во лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close