Кафе муабет
Не мислеше дека ќе плаче по него, нели? Само еден месец по објавата за РАЗВОД, Карлеуша во прегратка на друг! Сите шушкаат дека е подобар фраер од Душко? (ФОТО)
Го замени ли по само еден месец?
Јавноста почна да шушка коe е новото момче на Јелена Карелуша и дали пејачката навистина нашла љубов по раскинувањето со фудбалерот Душко Тошиќ.
Како што се пишува во медиумите, наводно Јелена по разводот нашла утеха во туѓи прегратки а кој е среќникот е прашањето на денот што сите ги интригира.
Шпекулациите за новиот емотивен почеток на поп-ѕвездата само продолжуваат, а се започна по фотографија направена на забава во главниот град на која таа лудо се забавувала во присуство на своите пријатели.
Имено, Јелена заминала на забавата со нејзината колешка Милица Павловиќ и долгогодишниот соработник Немања Бирташевиќ, а своевремено на уметниците и нивниот пријател им се придружила поголема, главно машка група.
Сите навистина добро се забавуваа, а деталите од забавата беа овековечени со фотографии кои пејачката ги сподели со своите следбеници на „Инстаграм“.
Токму една од нив ги заинтригира медиумите и јавноста. На неа Јелена позира додека згоден маж ја држи неговата рака околу нејзината половина.
Многумина ова го коментираа како случајност, а некои сметаат дека е ладна одмазда што Карлеуша му ја послужи на поранешниот партнер за одлуката да го напушти семејството. Засега не е познато дали споменатото момче е новото момче на Јелена Карлеуша или е само еден од пријателите во чие друштво уживала таа вечер.
Инаку разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е главна тема која со денови ја интригира јавноста а бидејќи Јелена за тоа проговори само еднаш, додека Душко реши да не коментира, деновиве најпребарувани поими на Гугл се дефинитивно Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ – поделбата на имотот, деталите за развод и помирувањето.
За овие детали сопружниците се уште не ја информирале јавноста, а како што сега пишува „Стар“, не ни разговарале за деталите од разводот, туку договорите им ги препуштиле на адвокатите.
Според тврдењата на споменатиот медиум, адвокатите се сретнале и иако не биле присутни Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, распределбата на имотот била тема на разговор меѓу адвокатите цели седум часа.
Како што открива извор близок на парот, адвокатот на Карлеуша побарал таа и нејзините деца да останат во вилата на Дедиње, која ја купиле пред три години од Драган Стојковиќ Пикси.
-Јелена и Душко тие денови не се виделе, ниту пак преговарале за поделба на имотот. Нивните адвокати се сретнаа, а 7 часа преговараа што ќе оди кај кого по разводот. Кога двајцата се венчаа, во 2008 година, Душко немаше недвижен имот на негово име, дури ни куќата во Орловат не беше на негово име, додека Јелена имаше куќа во Земун и стан во Нов Белград. Вилата која ја купија пред три години останува кај Јелена и нејзините деца, а преку договор за подарок ќе им биде префрлена на ќерките. Во меѓувреме Душко купи уште два стана во Белград кои ќе ги задржи. Се уште е спорно колку Душко ќе плаќа за алиментација, па нивните адвокати договорија уште една средба. Старателството ќе им припадне и на Јелена и на Душко, така што ќерките секогаш ќе можат да го гледаат својот татко, но ќе останат да живеат со мајка им, што беше нивна одлука – открива изворот и додава:
– Во текот на четиринаесетте години од бракот двајцата се стекнале со сериозно богатство, па имотот се проценува на неколку милиони евра. На средбата нивните адвокати решија и договорија поголем дел, но сепак ќе се сретнат уште еднаш, откако секој од нив ќе разговара со својот клиент.
– Јелена веднаш по првиот договор со ќерките замина на море и му нагласи на својот адвокат дека за останатите детали ќе зборува кога ќе се врати, бидејќи сега сака да се посвети на своите ќерки на кои не им е лесно бидејќи нивните родители се разведуваат.
Со оглед на тоа што се уште не објавија ништо за ова, единствено познато е дека Душко и Јелена се обидуваат да ги натераат девојките да ја поминат оваа криза што побезболно, додека за деталите од разводот ќе слушнеме дури кога ќе решат да прозборат за тоа јавно.