Кафе муабет
НАЈУБАВАТА БАБА НА ЕСТРАДАТА! Анабела ги собра сите погледи- и на 47 години изгледа како БOМБA!
Важи за една од најзгодните пејачки...
Пејачката и поранешна учесничка во реалити шоуа, Анабела Атијас синоќа се појави во јавноста во издание кое заинтригира многумина.
Имено, пејачката по повод гостувањето во Ѕвездите на Гранд дошла во комбинација на облека која оддалеку делувала како пејачката да е гола, а всушност била покриена со мрежа и фустан во боја на кожа.
Гол грб, истакнати нозе, исцртани облини, Анабела во оа издание на сите присутни им го одземаа здивот. Може да се каже дека до сега речиси и да немавме шанса да ја видиме во вакво провокативно издание.
Неспорно е дека Анабела, иако е баба на нејзината внука Миа, ќерката на Луна Џогани, и на 47 години изгледа феноменално.
Сега повеќе се грижи за себе…
Вчера се одбележа Националниот ден против ра-кот на дојката, а овој р-ак е еден од најчестите кај жените.
Пејачката Анабела Атијас, која имаше само 20 години, тешко се бореше со опакатана болест, а во шокантната исповед за Пинк откри што и го спасило животот, но и како изгледала нејзината борба.
– Тоа ми се случи многу одамна, кога имав само 20 години. Имав операција во Шведска во 1995 година. Имав среќа да го слушнам разговорот на моите пријатели кои зборуваа за прегледот, односно мамографијата. Слушнав една постара другарка која тогаш рече дека самопрегледувањето е многу важно и случајно ми остана во главата, тој разговор и јасно се сеќавам на моментот кога почувствував грутка во градите. Тој петок се враќав од дискотека, отидов да се истуширам и почувствував грутка. Во понеделникот веднаш отидов на преглед, направив биопсија и ми закажаа операција за три дена – ја започнува приказната Анабела и открива колку е важен самопрегледот, но и брзата реакција на докторот.
Во Шведска не се закажуваат операции така лесно, за среќа тогаш ги имав документите, но не бев запознаена како оди таму. Денес, кога сфаќам колку брзо ме оперираа, сфаќам дека не сакаа да ризикуваат да се влоши состојбата. Докторот кога ме оперираше ми кажа дека е среќен што се заврши толку брзо бидејќи веќе состојбата почнала да се влошува.Брзата реакција на докторот ми го спаси животот, но самопрегледувањето е подеднакво важно. За среќа, не одев на никаква хемотерапија, имав само хормонска терапија. Пет години по операцијата важно епостојано да одите на контрола, а по пет години нема можност да се повтори – вели пејачката и признава дека е многу повнимателна кога е во прашање нејзиното здравје.
– Секогаш реагирам кога нешто ќе забележам, сега го познавам своето тело повеќе од порано. Знам како изгледаат тие опасни грутки, знам дека не болат и дека се многу тврди и дека се разликуваат од другите. Не треба да доживуваме стрес на секоја грутка во нашето тело, но треба да бидеме внимателни, а јас станав многу повнимателна и открила дека неодамна повторно поминала низ пекол, бидејќи резултатите на гинеколошкиот преглед не и биле добри, а апелира до сите жени редовно да одат на гинеколошки прегледи.
– Таа болест е многу подмолна и ја чувствуваме кога е предоцна. Тоа се работи кои не ги забележуваме на нашето тело бидејќи не нè повредуваат. Особено на тие невидливи места не треба да се занемаруваат женските репродуктивни органи. Редовните посети на гинеколог се многу важни. Често го правам тој пап тест затоа што еднаш ми се случи да се разболам и докторот исто така брзо реагираше, па успеав да го излечам вирусот што ме фати и кој може да предизвика опасна болест – признала Анабела со грутка во грлото.
Инаку Анабела не крие и дека има естетски корекции и дека особено внимава на лицето…
„Имам докторка што се грижи за моето лице, но не сакам да претерувам, на време почнав да се грижам за кожата. Што се однесува до естетската хирургија, нема проблеми, јас пред 20 години направив силикони кои наскоро ќе морам да ги менувам. Лицемерно би било да не и дозволував на Луна да ги зголеми градите, ја разбрав нејзината потреба и ја поддржав во тоа. Мене ми е важно само нејзиното здравје и насмевка“, изјави Анабела.