Новости
Најзгодната баба од Македонија – има 59 години и изгледа брутaaлно во koстим за капење!
Оливера е мајка на една наша позната дама
Тешко дека некој не би помислил дека оваа дама има толку години и дека не и е другарка на Миа, туку мајка.
Оливера Костова Дилиндарски пред неколку дена наполни 59 години и е мајка на познатата македонска инфлунесерка Миа Костова.
Од нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи кога не би знаеле никогаш не би погодиле колку години има оваа прекрасна жена, а сигурни сме дека и на многу други тоа не би им успеало.
Таа е поранешна балерина коа и денес, на прагот на седмата деценија од животот, може да се пофали со тело како на дваесет годишна девојка на кое многу дами можат само да и завидуваат. Од нејзините фотографии можеме да видиме дека обожава мотори и сончање на плажа, а како изгледа погледнете во продолжение.
Инаку, нејзината ќерка Миа Костова, поранешна водителка на Бекстејџ, пред некое време го прележа вирусот корона.
Знаев дека короната ќе ја поминам без симптоми
Неодамна ја прашавме да ни открие кои симптоми ги имала и како ја поминала болеста, на што таа ни одговори:
„Чувството не е пријатно, но знаев дека ќе го поминам и дека нема да имам силни симптоми, сепак сум млада и барем до сега здрава. Не бев во некоја паника а и не се чувствував многу лошо за да се плашам“, ни одговори Миа и додаде дека првите два дена чувствувала нелагодност, болки во телото и максимална температура од 37.5, како и губење на чувство за мирис и вкус кое траело речиси 10 дена, и изнемоштеност и умор што трае можеби еден месец.
Во продолжение погледнете уште неколку фотки од Инстаграм профилот на Миа, но и од нејзината мајка Оливера…
.