Дом и семејство

Најдобри совети за одгледување на Орхидеја: Со овој мал трик ќе цветаат постојано!

Важно е да се обезбеди оптимална температура на орхидеите, па затоа во текот на ноќта нека стојат на место каде што е околу 15 степени...

Убавицата наречена орхидеа е една од омилените цвеќиња на жените.

Нежни, грациозни, со префинет цвет, тие даваат посебна елегантна нота во домот.

Но за жал многумина не знаат да ги одгледуваат орхидеите, кои важат за кралици на цвеќињата.

Со овој мал трик конечно можете да направите вашите орхидеи секогаш да цветаат.

Орхидеи обично цветаат три месеци, а некои видови орхидеи цветаат два или три пати во текот на годината.

Ако сакате овие цвеќиња да бидат секогаш убави и богати, тогаш прочитајте ги овие совети.

Важно е да се обезбеди оптимална температура на орхидеите, па затоа во текот на ноќта нека стојат на место каде што е околу 15 степени.

Не користете ѓубриво во кое има премногу азот, туку започнете со она што е збогатено со фосфор, бидејќи го поттикнува нивното цветање.

Важно е воздухот да е влажен.

Саксијата треба да стои на темно место пет дена, така што по три недели ќе се појават пупки на неа и ќе имате убаво и здраво растение.

Не мора секогаш да ги полевате. Понекогаш земате две коцки мраз и ставете ги во саксијата така што орхидеите ќе почнат да цветаат за многу кратко време.

Квалитетот на водата е исклучително важен, затоа избегнувајте вода од чешма. Наместо тоа, оставете ја да стои некое време или, ако можете, користете дождовница.

Многу е важно да посветите многу грижа за ова растение, за да може да биде поубаво. Ако забележите дека вашата орхидеја има жолти, стуткани лисја или не цвета, преместете го растението, бидејќи можеби местото не одговара на неговата позиција.

Откако ќе се навикне на место што и одговара, препорачливо е да не ја поместувате, и таа ќе ве награди со прекрасен цвет.

Коренот на орхидеите е најчувствителниот дел и најчестата причина зошто орхидеите не успеваат. Добро е да се обрне посебно внимание на овој дел.

Садот со орхидеи треба да биде проѕирен за да знае колку е здрав коренот. Исто така, треба да има доволно дупки за да може воздухот да тече помеѓу корените, бидејќи тоа ги прави здрави.
Коренот е склон на гниење, па затоа ги наводнуваме орхидеите само кога корените им се целосно бели, а подлогата сува.

Во случај на гниење на поголем дел од коренот пресадете го растението, извадете ги скапаните корени и користете препарат за спречување на габични заболувања.

Совет плус за вашата градина!

Она што малку домаќинки го знаат е дека витамин Б се наоѓа во повеќето препарати за нега на домашно и дворно цвеќе.

Бидејќи свежиот пекарски квасец е одличен извор на витамини од групата Б, користете го за да направите препарати за наводнување на цвеќе.

Состојки:
10 гр свеж квасец
лажичка шеќер
литар млака вода

Подготовка:

Растворете го квасецот во вода, а потоа додадете шеќер и добро измешајте. Оставете ја течноста да отстои најмалку 2 часа, а потоа истурете ја во шише со прскалка и наводнете ги домашните растенија и оние кои ви се во дворот.

Користете го овој раствор за наводнување еднаш во десет дена во текот на пролетта и летото, или двапати месечно во текот на есента и зимата.

Лисјата ќе станат позелени, а цветовите бујни и побогати.

Сличен ефект дава и течноста во која ќе ставите кора од банана да отстои преку ноќ.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close