Дом и семејство
“Најголема желба ми е внукот да прозбори”: Искрена исповед на Маја Оџаклиевска која ќе ви го скрши срцето
Таа е негова најголема поддршка...
Маја Оџаклиевска важи за дамата која го поседува еден од најмоќните вокали на поранешна Југославија.
Таа отсекогаш храбро се соочувала со сите животни предизвици. Од нејзиното појавување на тогашната музичка сцена на Југославија, Маја е вистински авторитет во музиката, ѕвезда без која не може да се замисли ниту еден голем фестивал.
Маја има две ќерки од два брака, Теа и Андреа, на кои и денес им е најголема поддршка во животот.
Родителската борба ја водеше како самохрана мајка, поради што свесно ја запостави кариерата. Пред 14 години таа реши да стави точка на кариерата и да ужива во заслужената пензија. Една година подоцна, постарата ќерка го роди синот Лука, кој и даде нова смисла на нејзиниот живот.
За жал, безгрижното воспитување наеднаш го прекинаа симптомите на аутизам, кои се манифестираа во неговата втора година. Од тој момент, познатата уметница целосно се посветила на изнаоѓање лек за својот миленик.
Лука има тринаесет години, влегол во пубертет и се уште не проговорил.
– Навистина му требаше мир. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните му работат, тенок е како жица што е нормално за 13-годишно дете. Прекрасен е, единствената болка е што уште не зборува, искрено се надевам дека ќе прозбори, некои зборувале, некои никогаш и тоа е мојата најголема желба – не губи надеж Маја.
Пејачката на почетокот на оваа година доби национална пензија, што го олесни животот на нејзиното семејство.
– Не се работи само за пари, те препознаваат како уметник што создал нешто, што оставил белег, како луѓето да се глуви на тоа што сум направила филм за кој добив награда, како да не сум играла 173 настапи на Коштана. Среќна сум затоа што тоа ми го олеснува животот на многу начини, не само за мене, туку и за моите деца. Сега можам да им помогнам додека сум жива, а тоа значи многу, секако животот е многу полесен кога имаш отколку кога немаш, но јас сум скромна личност и живеев и пред имам – заклучува Маја.
Пејачката која долги години живее во Србија, во едно интервју откри дека никогаш во животот не би трпела физичко малтретирање од маж. Таа откри и дека најмногу во врската ѝ пречи ако партнерот ја омаловажува.
– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде моментот да заѕвонат ѕвоната ќе почне да ми смета однесувањето, и секогаш се ставам пред сите и само велам „Чао, довидување и нов брак“. Мојата мајка зборуваше: Еден се истегнува, друг се протега, рекла таа во гостување на една емисија.
„Мажите се за една употреба, кога ќе видиш дека нешто не штима, веднаш треба да му го свртиш грбот и да продолжиш напред. Чашата кога еднаш ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак ќе се познава. Не можам да ги разберам оние жени кои трпат насилство од страна на партнерите, јас никогаш не би дозволила некој да се изживува со мене“, изјави Маја, која се нашла во ситуација да биде сведок на малтретирање, кога соседот ја ѕвepски ја нападнал својата сопругата и случајот го пријавила во полиција.
„Пред неколку години бев сведок на вакво нешто. Слушнав како сосетката моли за помош и од прозорец видов дека сопругот ја удира со боксови и клоци. Веднаш викнав полиција, дојдоа за 15 минути, направија записник и си отидоа. По неколку дена се видовме и почна да ми вика и да ме обвинува зошто случајот сум го пријавила во полиција. Бев вчудовидена од нејзините зборови и однесување и сфатив дека ѝ нема помош затоа што таа наместо да си замине и да го остави, го бранеше“, истакна Маја во едно интервју.