Дом и семејство
На првата средба се удрил во автомобил, таа не била заинтересирана за него а сега станаа родители: Љубовна приказна како од бајките на Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов
Сега се горди родители...
Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов се венчаа во средината на септември минатата година и имаа луксузни прослави на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.
Нивната прва средба не била баш пријатна а парот во една прилика откри дека тоа и не било љубов на прв поглед како што многумина милуваат да кажат.
– Бевме излезени. Дојдов до неа и и реков: „Здраво“, таа гледаше во телефонот, не ме ни погледна мене – изјави во една прилика Ѓорѓе Ѓоковиќ.
– Нашата прва средба не беше баш славна. По три недели разменивме броеви и дури подоцна се видовме. Џоле толку многу зјапаше во мене додека одевме што се удри во автомобил, мислеше дека не го забележав, но јас го забележав – изјави Сашка во емисијата „Амиџи шоу“.
– Од првиот ден неофицијално живееме заедно. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден некако беше тука за мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече: „Не можам повеќе да ги носам овие работи“, бидејќи тој зема торба, ја полни со работи за неколку дена, па ја менува и слично. Потоа само рече: „Би сакал една дестинација да ни биде дом, да се вратиме во истата куќа по патувањето“. И така го започнавме нашиот заеднички живот и навистина е убаво чувството – призна пред неколку месеци Сашка за „Телеграф“.
– Секако дека заедно правиме разни работи низ домот, но помош е секогаш добредојдена. Кој вели дека не сака помош, лаже, не е нормален. Имам помош – додаде таа за споменатиот медиум.
Инаку водителката Сашка Веселинов се породи пред неколку дена и го роди наследникот Александар.
Среќниот татко вчера започна и со подготовките за пречек на сопругата и синот.
Имено Ѓорѓе Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил сподели видео на кое може да се забележи цветен аранжман од сини орхидеи, бели рози и украси за добредојде на новородениот син Александар.
Името Александар во превод од грчки јазик значи „оној што ги штити луѓето“.
Сашка и наследникот денеска пристигнаа во семејниот дом. Нивниот дом е вистинска идила, со многу смеа и помош од најблиските, а Сашка, се чувствува одлично по породувањето.
Инаку, Ѓорѓе, братот на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, одржа емотивен говор на прославата по повод раѓањето на неговиот син, при што пушти неколку солзи и призна дека бил присутен на породувањето на неговата сопруга.
-Сакам да ви се заблагодарам на сите што дојдовте, и да упатам голем поздрав и благодарност до Сашка и сето она низ кое таа помина. Денеска бев присутен на породувањето и видов секакви работи, и навистина е неверојатно чувството да се биде присутен, тоа е нешто што би го препорачал на сите и многу е убаво кога ќе добиеш дете во раце – рече Ѓорѓе и се расплака а потоа продолжи:
-Јас сум најгорд на светот што имав можност да видам и почувствувам и да бидам со неа во тој момент, тоа е навистина прекрасен момент и ние мажите треба да им бидеме благодарни на нашите жени за се што прават и прават за нас, посочи најмладиот Ѓоковиќ.