Кафе муабет
НА НИВНАТА СВАДБА СИТЕ ПЛАЧЕА: Овие младенци ги избричија главите на денот на венчавката- причината ќе ве расплаче!
Тие со овој гест расплакаа многумина...
Џони и Алистер, се пар кој со еден гест на својата свадба, успеаа да го освојат светот.
Овие младенци планираа уникатно изненадување за мајката на невестата на денот на нивната венчавка. Излегоа на подиумот и ги избричија главите во знак на солидарност со нејзината борба против ра*от.
На Луна Макапагал од Окланд, Нов Зеланд и беше дијагностициран р*к на јајници во 2018 година. Таа беше подложена на oперација и хемoтерапија, како и третман со зрачење и лекови за спречување на бoлеста.
Ќерката на Луна, Џони (20), сакаше да ја изненади својата мајка – која во меѓувреме за жал по*ина – со бричење на главата во знак на солидарност, а идејата ја предложи нејзиниот тогашен свршеник, а сега и сопругот Алистер (20).
Алистер сметаше дека и двајцата треба да ја избричат главата на самиот ден на венчавката, па на 21 ноември, и покрај малата нервоза, Џони реши да продолжи со планот.
Џони и Алистер излегоа на подиумот.
По првиот заеднички танц, гостите, вклучително и родителите на Џони, помислија дека парот ќе изведе традиционален филипински танц каде што гостите ќе даваат пари на парот. Но, наместо тоа, диџејот објави дека парот планира да направи нешто поразлично пред Алистер да седне и Џони да му ја избричи главата.
Потоа, додека просторијата се исполнила со комбинација од смеа и солзи, парот си заменил место, а Алистер ја избричил и косата на сопругата – сето тоа за добротворни цели.
Двојката отвори страница за донации каде собраните средства ќе бидат наменети за болни од р*к во нивниот роден Нов Зеланд.
Досега тие собрале 3.350 американски долари.
Алистер рече дека сака да се придружи на гестот на неговата сопруга за нејзината мајка како знак дека борците против р*к никогаш не се сами на својот пат и секогаш ќе имаат поддршка.
За жал, два месеци по нивната венчавка, Луна ја загуби битката со болеста и по*ина на 12 јануари 2021 година и парот продолжи да ја споделува својата приказна за да ја подигне свеста за болеста.
Џони рече: ‘Бевме многу среќни кога видовме колку тоа ја прави среќна и горда. Ние навистина не знаевме што да очекуваме, но бевме толку среќни во тоа време. Реакциите беа многу неочекувани, сите на свадбата плачеа и ни раскажуваа колку се горди. Добивме донации од целиот свет, што исто така беше многу неочекувано и сме многу благодарни на оние кои донираа или упатија зборови за поддршка. ‘
Инаку, Џони и Алистер се познаваат уште од својата петта година и заедно оделе на училиште. Тие започнале да излегуваат пред три години. Алистер ја запроси Џони на 21 октомври во Ботаничката градина откако побара дозвола од Луна да се омажи за нејзината ќерка.
Минатиот ноември Џони рече дека нејзината мајка изјавила дека би сакала да биде на нивната венчавка и често се шегуваше на тоа прашање.
„Таа сакаше да ја види свадбата сега, не подоцна кога може да биде предоцна“, рече Џони, пренесува Дејли меил.