Новости
На 20 години имаше преку 300 килограми – погледнете како изгледа денес, ќе се изненадите
Не ја собираше ни во тоалет, па со својата промена го шокираше целиот свет
Кога имаше само 23 години, Луис имаше 317 килограми.
И како што му кажа на популарниот доктор Нау, отсекогаш имала проблеми со вишокот килограми, а како што самата изјави, заради тешкото детство, честите преселби и неможноста на едно место да стекне пријатели, утеха бараше во храната, што и ја доведе до таква тешка состојба.
„Се сеќавам дека како дете само храната ми носеше утеха. Пораснав со двајца родители кои беа зависни од дpoгa и постојано се селевме. Мајка ми и јас никогаш не се согласувавме, постојано бев лута и тогаш ќе избегав кај татко му во гаражата, каде тој скришно ми даваше грицки и благо“, раскажува Никол.
Таа уште како тинејџерка дошла до 317 килограми, па тогаш не можела ни да влезе во тоалетот, туку ја бањале во дворот.
Но додека беше под строгиот надзор на докторот Нау, за една година Никол ослабна 73 килограми. Но штом беше пуштена да се врати во својот дом во Тексас, килограмите повторно почнаа да се враќаат. Потоа во 2018 направи значаен напредок и прв пат по четири години реши да најде работа.
Во меѓувреме се омажи и доби две деца, но ја тужеше и популарната емисија затоа што наводно не бил испочитуван договорот да и бидат платени сите медицински трошоци, како и половина година животни трошоци, кои што им ги исплаќаат на сите кандидати што учествуваат во шоуто.
Еве како таа изгледа денес:
Никол во целито свет стана позната токму по сцените што ја тушираа во дворот бидејќи не можеше да ја собере во тоалетот.
Таа откако стана позната редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, но бидејќи најчесто го покажува само горниот дел од телото, фановите и забележуваат и ја критикуваат дека повторно се вратила на старата тежина. Но таа ветува дека наскоро ќе се врати на диета и вежбање.
„Продуцентите секогаш во секоја емисија, меѓу останатото покажуваат и сцена од капење на кандидатите. Меѓутоа, кога дојдоа кај мене, им реков дека физички не можам да застанам во купатило и дека се капам во трем.“
„Ми рекоа дека секако мора да снимаат, бидејќи таков е концептот на емисијата, го прикажуваат секој дел од секојдневието на кандидатот. Тоа ми беше многу понижувачки, но сепак се согласив на тоа. Имав две опции – да одбијам и да останам без помош или да ‘стиснам заби’ и да се обидам со нивна помош целосно да си го променам животот“, изјави тогаш Луси пред камерите.
Еве уште неколку нејзини фотографии…