Кафе муабет

Млада девојка настрада во луна парк, блиските собираат пари за нејзино лекување

Девојката преживеала три сообраќајни несреќи претходно во 2018,2019 и 2021 година

Ужасна несреќа во Австралија-млада девојка преживеа удар од ролеркостер со брзина од 70 километри на час, но последиците се страшни

Жена удрена од возилото во тобоганот (ролеркостер) останала во медицински индуцирана кома неколку недели по несреќата која и се случила, несреќа поради која остатокот од животот може да го живее во огромни болки.

Фондот кој бил основан за собирање на средства за помош на 26-годишната Шајла Роден објави дека успеале да соберат 5000 долари, за само неколку часа ,за помош на оваа девојка , откако Дејли Меил Австралија откриле дека во саботата биле собрани едвај 500 долари.

ФОТО: Принтскрин/Шајла Роден

Вистината во однос на големината на повредите на Шајла се уште со сигурност не може да биде кажана, но се стравува дека девојката нема да може да зборува никогаш повеќе.

Во вторникот потпаролката на Кралската болница во Мелбурн потврди дека состојбата на Шајла сега веќе е наведена како сериозна наместо критична. Но, сепак прогнозите за некогаш да живее нормален живот се невозможни.

ФОТО: Принтскрин/местото на несреќата

Пријател кој е во контакт со Шајла и нејзиното семејство за Дејли Меил Австралија вели дека сите средства кои се собрани од страна на фондацијата ќе одат за помош на Шајла и тешкиот пат на заздравување кој ја очекува.

-Луѓето се под впечаток дека парите од фондот ќе бидат искористени само од семејството на Шајла. Но мора да знаат дека тие ќе бидат само за нејзино опоравување-раскажува пријателот.

ФОТО: Принтскрин/Шајла Роден

-Парите ќе се искористат за терапија за Шајла, за нејзина рехабилитација, за работи во нивниот дом кои треба да се приспособат за понатамошното живеење на Шајла во домот како што се на пример тоалетот, тушевите и слично-додава пријателот на семејството.

-Луѓето коментираат и пишуваат секакви лоши работи во однос на собирањето на средства за Шајла, само сакам да ги уверам дека единствената причина за собирањето на овие пари е таа-продолжи пријателот-пишува Дејли Меил.

ФОТО: Принтскрин/Шајла Роден

Акцијата за собирање на средства е основана од страна на Силвија Дес, пријателка на Шејла, на само неколку дена по трагичната несреќа, но до сега беше игнорирана.

Пријателот во своето интервју за Дејли Меил Австралија, кој побарал да биде анонимен изјавил дека оваа девојка од сега па натаму ќе мора да има постојана грижа ,24/7, која веројатно ќе и биде потребна до крајот на животот.

ФОТО: Принтскрин/Шајла Роден

Шајла Роден имала неколку проблематични години, кога се борела со злоупотреба на супстанции.

-Шајла не е зависник од дрога, таа беше на рехабилитација околу една година-вели пријателот.

-Но, луѓето се сконцетрирани на нејзиното проблематично минато, на нејзината претходна сообраќајна несреќа во која таа не ја ни возеше колата. Нејзините проблеми завршија пред пет години. Луѓето се менуваат-додава тој.

ФОТО: Принтскрин/Шајла Роден

Во однос на нејзината несреќа со ролеркостерот, ВоркСејф, сега истражуваат што правеле операторите за безбедност во моментите кога Шајла се упатила кон патеката од ролеркостерот.

На денот на нејзината несреќа , 26 ти Септември, таа работела на штанд кај нејзин пријател на Кралското шоу во Мелбурн. За време на паузата тие двајца решиле да го искористат времето за да направат неколку возења на ролеркостер.

ФОТО: Принтскрин/ролеркостерот каде се случила несреќата

Според информациите кои сега се познати Шајла за време на возењето го испуштила својот телефон и полицијата верува дека заради тоа се упатила кон шините, додека на нив се движел ролеркостерот со огромна брзина.

Таткото на Шајла изјавува:

-Нема да можам да зборувам со мојата ќерка долго време. Таа ќе биде во кома долго време.

-Нејзините повреди се ужасни. Оштетен е нејзиниот мозок. Искршена е карлицата, рацете, нозе, грбот и вратот- може да се каже дека нема место на нејзиното тело кое не е скршено. Никако не можам да разберам како се случи да има толку тешки повреди-додаде тој.

ФОТО: Принтскрин/Кралската болница во Мелбурн

-Дури и докторите рекоа дека долго време немаат видено некој да е толку лошо повреден-раскажува таткото на Шајла.

Полицијата минатата недела изјави дека ролеркостерот возел со брзина од 70 километри на час во моментот на ударот.

ФОТО: Принтскрин/Шајла по ударот влечена од ролеркостерот

Шајла Роден имала страшна сообраќајна несреќа во Јануари 2021 година, по која морала да учи како повторно да оди. По оваа несреќа поминала низ рехабилитација, но со поддршката од нејзините родители пак застанала на нозе.

Потпаролката на Кралското шоу во Мелбурн изјавила дека безбедноста и благосостојбата на посетителите на ова шоу се и секогаш ќе бидат приоритет број еден. Организацијата за безбедност ВоркСејф е во процес на утврдување дали е ова вистинската состојба на ова шоу.

Ролеркостерот е повторно отворен после неколку дена од несреќата.

ФОТО: Принтскрин/несреќата на Шајла

Раководството на шоуто одби да коментира дали по оваа несреќа се усвоени нови безбедносни процедури.

 

ФОТО: Принтскрин/Шајла Роден

 

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close