Дом и семејство
Марко се расплака пред камерите: “Луна ме остави”- ја откри вистината за разводот!
Тие се сеуште заедно...
Jавноста изминатата недела на големо шпекулираше дека Марко и Луна Џогани се разведуваат а ваквите приказни започнаа откако Марко не се појави на роденденот на сопругата, ниту пак и честиташе.
Двајцата не ги коментираа шпекулациите, а оставија се да оди дотаму до приказната дека Марко ја изневерил сопругата.
Марко Миљковиќ реши повторно да се огласи на Јутјуб по гласините дека тој и Луна повеќе не се заедно поради неговата наводна прељуба.
Сепак, овој пат реши да се пошегува па на своите обожаватели им откри како прави чорба од компири.
– Луна ме остави, излезе сама, сега си правам ручек – рекол Марко, а потоа му се обратил на кучето- „Лоли сакаш ли да јадеш“?
Марко ги насмеа фановите, а потоа во видеото се појави и Луна и ја изеде храната што тој ја подготви за милениците, со што стави крај на гласините дека тие се разведуваат.
Набрзо се појавија на YouTube и открија дека не се зборува за развод а со ова видео ги расположија фановите кои беа загрижени поради гласините дека повеќе не се заедно.
Нивните блиски пријатели имаат спротивставени мислења за ваквиот нивен став и реалниот живот надвор од реалноста.
– Тие двајца со години живеат како во реално шоу и прават многу работи заради прегледи на каналот на Јутјуб, исто како што ја направија својата свадба деловен потег. Значи ова само го подгрева мислењето на луѓето дека нешто не е во ред па утре луѓето да трчаат да го гледаат нивниот клип во кој се ќе биде „пу не важи“. Ќе им донесе прегледи и малку повеќе пари бидејќи од тоа живеат. Нивните најблиски пријатели знаат дека меѓу нив нема никакви проблеми, изјави извор близок до Марко за српски Курир и додава:
– Мислам дека ова не го испланирале однапред, туку набрзина го смислиле откако излезе веста дека не бил на роденден. Не ми се допаѓа тоа и после реалното шоу, продолжија да живеат како да се внатре. Тие се однесуваат и прават работи што им предизвикуваат кликови и не размислуваат за реалниот живот. Животот поминува покрај нив додека тие го глумат, рече изворот…