Кафе муабет
Малиот Жељко ќе ви го стопи срцето: Внукот на Цеца во неодоливо издание!
Целиот измачкан со чоколадо ги насмеа сите!
Бојана го сними малиот Жељко како седи со тетката Наташа и јаде чоколадо…
Бојана Родиќ, сестрата на Богдана, пред неколку дена сподели видео од малиот Жељко Ражнатовиќ, и ги насмеа сите.
Имено, Бојана го сними малиот Жељко како седи со тетката Наташа и јаде чоколадо.
Целиот извалкан околу устата, намачкан со чоколадо по телото и рацете, Жељко г освои симпатите на сите.
– Мјам, мјам! Убаво? Каде си, Жељко? Не си лош, не си – му вели Бојана, додека тој се смее задоволно и премногу слатко.
„Премногу е симпатичен“, „Колку слатко се смее, душа“, „Прекрасно дете“, „Колку е среќен“, „Слатко ме насмеа“, „Буквално е сладок како чоколадо“, беа само дел од коментарите.
Инаку денеска се породи и Бојана, која на свет го донесе малиот Зоран Шијан.
Целото семејство е пресреќно а честитки пристигнуваат од сите страни.
Среќната вест новопечените родители ја споделија на социјалната мрежа Инстаграм.
Гордиот татко веднаш ја објави веста на социјалните мрежи.
„Се роди Зоран Шијан“, напиша Мирко и додаде колку ја сака Бојана:
„Те сакам најмногу на светот“.
Инаку тие двајца живеат заедно неколку месеци во Сурчин, во луксузна вила која и припаѓа на Гоца.