Кафе муабет
Луна заигра со малата наследничка и ги разнежни фановите – прво видео со Миа во прегратка!
Цело време додека танцуваше со својата наследничка имаше насмевка на лицето...
На 15 јуни Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Милјковиќ се остварија во улога на родители и ја добија ќеркичката Миа.
Луна на својот Инстаграм профил постојано објавува фотографии од кои може да се забележи дека ужива во мајчинството.
Откако објави фотографии и кратки кадри од бебето како спие, Џогани сега танцуваше со Миа.
а видеото се појави на Јутјуб.
Луна ја држи својата ќерка во прегратка и за цело време додека танцуваше со својата наследничка имаше насмевка на лицето.
Кучето на Луна, Лола, за кое таа е многу приврзана им правеше друштво во станот.
„Ти си убава“, „Каква среќа“, „Секогаш смеј се така“, „Малиот ангел“, се само дел од коментарите на видеото објавено од Луна.
Погледнете како Џогани танцува со нејзината наследничка во галеријата:
Пред породувањето Луна често пати објавуваше фотографии со нејзиното кученце Лоли кои и беше главен партнер за прошетка.
Луна пред извесно време сподели многу интересна фотографија на Инстаграм каде што може да се види Миа како спие безгрижно а ја чува нејзиното куче Лоли.
„Лоли е куче чувар“, напиша Луна во описот.
Инаку Лоли можеше да се забележи и на видеото кое го објави парот по доаѓањето во домот со својата наследничка.
Кученцето беше пресреќно што ги гледа и цело време кружеше околу малата Миа.
Од сите фотографии може да видиме дека Лоли е навистина приврзана за малечката Миа но и за сопственичката Луна.