Кафе муабет
ЛЕПА БРЕНА тотално го промени начинот на исхрана, го зарази и Боба и откри колку килограми ослабнала!
Реши да си посвети внимание за себе...
Лепа Брена вели дека со месеци не пробала ништо слатко или мрсно!
Пејачката за време на пандемијата на корона вирусот,целосно се сврте кон здравиот начин на живот, бидејќи по четири децении долга кариера конечно имаше малку време за себе.
Брена откри како за кратко време успеала да ги изгуби вишокот килограми.
– Целосно се посветив на себе, после 40 години. Никогаш немав пауза повеќе од еден месец, па не можев да се грижам за исхраната, бидејќи не бев често дома. Сега ја искористив можноста да се одморам, но и да го сменам начинот на исхрана – рекла Брена и открива што исфрлила од менито.
– Нездравата храна за мене е минато. Масни производи не доаѓа предвид! Не јадам колачи или благо и се чувствувам многу подобро. Се што подготвувам го готвам во вода, без капка масло. Успеав да го „натерам“ и Боба на здрава храна. Сега и нему му се допаѓа. Тој успеа да ослабе, а јас ослабев три килограми, но поради мојата висина многумина мислат дека ослабев најмалку десет килограми.
Брена неодамна беше со сопругот Боба Живојиновиќ на Тајланд, каде што неколку дена беа на строг режим.
– Во Пукет, Боба и јас бевме на детоксикација. Четири дена јадевме само зеленчук за појадок, ручек и вечера. Се чувствував одлично, имав многу енергија. Јас сум многу задоволна истакна Брена!
Инаку Брена неодамна откри како го негува лицето во текот на зимата и зошто изгледа 10 години помладо!
Имено таа вели дека вечерниот ритуал на убавина, без кој не може да заспие, а кој вклучува мачкање на кожата од глава до пети, ја прави најзадоволна кога ќе се погледне во огледало наутро.
Брена открива дека е една од жените кои не одат често на козметичар. Таа ужива во вечерните ритуали бидејќи галењето со миризливо млеко ја опушта и смирува. Ја прилагодува дневната нега на годишните времиња. Во текот на летото, кога е многу топло а воздухот е сув, таа се одлучува за серуми и креми со полесна текстура. Во постудениот зимски период избира мрсни препарати кои добро ќе го заштитат нејзиното лице од ниски температури и ветер.
– Воопшто не одам на козметичар бидејќи негата на лицето е секојдневна потреба. Во зима користам појаки и помрсни креми, а во лето многу лесни, а потоа најдобра нега е темелно чистење на лицето, како и нанесување серум на лицето, вратот и деколтето. За преку ден, ставам полесни креми кои ми се основа за секојдневна шминка, а ме штитат и од надворешни влијанија. Навечер практикувам креми со посилни компоненти, а со квалитетен сон, добра исхрана и редовно вежбање наутро задоволна сум од одразот во огледалото, изјави пејачката во една прилика за магазинот „Стори“.
– Сезоната го одредува начинот на нега на телото. Во лето се почесто се одлучувам за млеко и ги купувам сите можни видови, особено оние во кои има нане. Никогаш не купувам креми за жени над педесет, туку за над четириесет години, бидејќи штом ќе ги нанесам се чувствувам десет години помладо.
– Сакам да се тинтрам и да трчам, но не можам да спијам додека не го направам мојот ритуал, додека не се намачкам од челото до прстите. За мене лубрикацијата е вид на медитација која опушта, смирува, а после тоа се чувствувам убави, убаво мирисам и сум негувана во мојата кожа, додаде Брена.
-Си го спасив животот со кратка коса и не можам да замислам повторно да имам долга коса. Сега животот ми е поедноставен и подобро се грижам за себе. Да се има кратка коса е толку практична работа бидејќи, исто како и долгата коса, нуди безброј можности за експериментирање, но за многу помалку време. Се ослободив од сите тие шноли за коса, коњско опавче и нега на долга коса, заклучила таа.