Кафе муабет
КРАЈ НА ЉУБОВНАТА БАЈКА меѓу Анастасија и Гудељ: Пејачката неутешна- сподели емотивна порака која ќе ве расплаче
Не се огласи по веста дека раскинале...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се во врска повеќе од половина година а пејачката во неколку наврати откри дека е среќна и исполнета, но сега сите се прашуваат дали раскинале поради тажните стихови кои пејачката ги објави на својот Инстаграм.
Доаѓањето на Немања Гудељ во Србија требаше да биде еден од најубавите моменти за Анастасија Ражнатовиќ, но се чини дека не е така. Сите фанови се надеваа на заеднички фотографии, прегратки, бакнежи, но сега се шокираа по нејзината објава…
На Инстаграм профилот младата пејачка објави тажни стихови а фановите се прашуваат дали тоа значи дека дојде крајот меѓу неа и нејзиното момче бидејќи се шпекулираше дека имале сериозни проблеми во врската…
Веќе некое време сите се сомневаат дека причината за несогласувањата е врската помеѓу Анастасија и мајката на Немања.
Фудбалерот не крие дека Оливера Гудељ му е најважната поддршка, но и советник во сите приватни одлуки.
„Таа ме научи на живот“, напиша еднаш во јавна порака фудбалерот.
Првите недели и месеци од љубовта на Анастасија со фудбалерот беа исполнети и со идилични односи со Оливера и сестрата на Немања, Вања.
Сите три излегуваа заедно, правеа селфи и со големо внимание си ги лајкуваа фотографиите. Според медиумите, сето тоа сега исчезнало, а Оливера и Вања ја отследиле Ражнатовиќ од Инстаграм.
Дали љубовта на Таша со Немања ќе се олади, се прашуваат нејзините обожаватели збунети од следните стихови…
“A mogli smo sve, mi smo isti zar ne,
savršen zagrljaj, a mi smo birali kraj.
Mogli smo sve, u svakoj želji si ti,
mogli smo oprostiti,
na zemlji imati raj,
a mi smo birali kraj… “
Анастасија претходно најави дека на 20 ноември ќе замине за Катар каде што фудбалската репрезентација на Србија настапува на Светското првенство.
Токму затоа Немања дојде во Белград, па можно е се уште да не ја видел својата девојка поради обврските на тимот. Дали сè ќе остане во ред меѓу вљубените – ќе се знае, наскоро.
Инаку Немања неодамна се најде на мета на критики поради фотографиите на кои покажува невообичаена блискост со својата сестра и мајка.
Корисниците на Твитер особено реагираа на фотографијата на која Вања Гудељ, помладата сестра на Немања Гудељ, го бакнува својот брат директно во уста.
Покрај оваа, голем е бројот на фотографии на кои и другите членови на семејството имаат сличен однос.
На пример, на една од фотографиите Немања Гудељ лежи гол во кревет, а неговата мајка го гушка одзади и го бакнува по рамо.
Од друга страна, Вања има ваков однос со другиот брат – Драги Гудељ, кого исто така на сличен начин го бакнува во уста и до уста на некои од фотографиите кои самата ги објави.
Какво е мислењето на Анастасија за ова, јавноста се уште не знае.
Дека Немања е многу поврзан со своето семејство покажува и фактот што секогаш со него се неговиот брат или пак мајката и сестрата па дури и во оние моменти кога би требало да биде насамо со својата девојка.
Така ова лето, парот беше на летување во Ибица, но повторно не беа сами. Со нив беше целото семејство Гудељ па можеби и токму тоа е една од причините за оладување на односот меѓу Анастасија и Немања.
.