Кафе муабет
Конфликтот меѓу сестрите долго време е тајна: Ова се деталите за расколот во семејството Шаулиќ, Илда ова не може да и го прости на Санела!
Пејачката се присети на детството...
Во интервју за српски „Информер“, Илда Шаулиќ проговори за сите болки и животни неправди со кои се соочила, како и за благословот да има толку големо семејство.
Илда Шаулиќ и Санела Аџиќ беа најголема поддршка една на друга во најтешките, но и најубавите моменти, а посебна радост Илда ја доживеа кога Санела стана баба на малата Лана, која минатата година го развесели целото семејство Шаулиќ.
Илда тогаш истакна дека е пресреќна баба.
– Пресреќна сум, премногу горда. Ова е посебен ден за нашите семејства. Сега сум баба за прв пат, добро е чувството за ваква баба. Малку се шегувам, пресреќна сум поради Лука и Александра – изјави Илда.
Илда беше воодушевена што нејзиниот внук стана татко, а нејзината ќерка ќе има друштво за играње.
– Можеби звучи смешно, но јас сум многу среќна. Сестра ми ги има Уна и Лука, кој е посебен затоа што беше радоста и првото дете што влезе во нашата куќа. Лука е вистинско „дете на тетка“, така што е сосема логично што внимателно следам сè што се случува во неговиот живот. Ова е прекрасно изненадување за сите нас, а исто така сме среќни што има прекрасна свршеница изјави тогаш гордата тетка.
Сепак, Илда открива дека со својата сестра не секогаш имала идилични односи како денес.
– Со Санела сега имаме фантастична врска, но кога бевме мали постојано се каравме бидејќи таа не сакаше никаде да ме носи со себе. Затоа бев поблиска со брат ми Михајло, кој е седум години помлад од мене, отколку што бев со сестра ми. Секогаш бев тука за него и му ги исполнував желбите – изјавила пејачката.
Илда Шаулиќ и Санела Аџиќ се помириле и ја изградиле својата врска дури кога зад себе ги оставиле пубертетот и детското лудило.
Денес, кога се и сопруги и мајки, негуваат сестринска врска полна со љубов и разбирање.
Инаку денеска навршуваат три години од смрт-та на пејачот Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика кој го загуби животот во сообраќајна несреќа.
На Новите гробишта во Белград денеска се одржа тригодишен помен.
На комеморацијата се појавија сопругата на Гоца, ќерката Санела и нејзиниот сопруг, како и Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг.
Гоца и Санела беа неутешни. Санела клекнала на гробот на својот татко и долго го галела, а вдовицата на Шабан треперела и се обидувала да и ги задржи солзите, но и таа плачела.
Санела оставила запалена цигара на гробот на нејзиниот татко.
На комеморацијата покрај семејството се појави и кумата на Илда, Дајана Пауновиќ, која имаше утешни зборови за Гоца. Се појавија и кумовите, Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, хармоникашот Мирко Кодиќ, шефот на клиниката во Дедиње, Милован Бојиќ, пејачот Хасан Дудиќ, композиторот Дамир Хандановиќ, пејачот Саша Матиќ.
На комеморацијата настана непријатна ситуација кога на гробот на Шабан почнаа да горат венци од запалени свеќи и цигари. Со собраната реакција на неговата ќерка Санела бил спречен хаосот.
На венецот на Шабановата вдовица има посвета: Со љубов, твојата Гоца. Вдовицата на Шабан конечно им се обрати на сите и им се заблагодари.