Кафе муабет

КОНЕЧНО ПРОНАЈДЕНА ТУРСКАТА АКТЕРКА: Исчезна по ЗЕМЈОТРЕСОТ, јавноста стравуваше од најлошото, еве зошто исчезна (ВИДЕО)

Таа помага заедно со своите колеги...

Вчера како бомба одекна веста дека актерката која се прослави во улогите во многу турски серии наводно е под урнатините бидејќи немало никаков знак од неа, и никаков глас со денови.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Но за среќа турската актерка Џансу Дере е пронајдена откако нејзините обожаватели се загрижија кога таа исчезна од социјалните мрежи по разорните земјотреси.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Турските медиуми објавија дека една од најпопуларните актерки таму Џансу Дере исчезнала.

По неа се трагаше, а фановите ги загрижи тоа што по трагедијата не се огласи на социјалните мрежи.
Сега во јавноста излезе веста дека актерката е добро и дека помага на загрозените семејства.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

На социјалните мрежи сега се појавија видеа на кои се гледа како актерката им помага на луѓето кои ги изгубиле своите домови.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу, заедно со некои други колеги, го поддржуваше турскиот народ во тешки времиња и заборави на славата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nurmagazin???? (@nurmagazins)

Да потсетиме, 41-годишната Џансу Дере е поранешна манекенка и една од актерките на која турските продуценти прво се јавуваат кога им треба фатална жена која ќе привлече милиони гледачи на малите екрани.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

“Ја сакам глумата, но не и славата, бидејќи немам пет секунди мир во јавноста. Секој мој збор и секоја постапка се под лупа и тешко е да се живее така. Но, кога ќе размислам за тоа, тоа е мала цена што треба да ја платам за се она добро што ми го носи актерството“, вели оваа убавица.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Инаку, Џансу славата ја стекна со улогите во хит сериите како „Сила“, „Езел“ и „Сулејман Величествениот“, по што реши да паузира неколку години од актерството.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

За жал оваа убавица нема среќа кога е љубовниот живот во прашање. Најмногу била разочарана од врските кога во 2009 година требало да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се заљубил во нејзината најдобра пријателка Аха Јагта.

фото Инстаграм/ Џансу Дере

Двајцата се венчаа и добија дете, но среќата не траеше ниту три години, а кога Џем подоцна се обиде да и се врати, таа не ни помисли на тоа.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

“Плачев со денови поради тоа. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Моите пријатели се обидуваа да бидат околу мене, постојано ме вадеа надвор, обидувајќи се да ме насмеат и да ме расположат , но јас тонев сè подлабоко во депресија“, изјавила таа своевремено, но и после тоа не ја изгубила вербата во љубовта, и започнала врска со тогашниот менаџер Џем Ајдин, но неговата љубовна врска со друга жена брзо одекна во медиумите.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close