Кафе муабет
Кија Коцкар се огласи – еве што и посака на Луна со која поранешниот јавно ја понижи!
- Не! Нема што да барам таму - рече Кија Коцкар...
Пред неколку дена Луна Џогани на свет ја донесе ќеркичката Миа. За неа и нејзиниот сопруг Марко ова е прво дете, но и покрај големата љубов која ја крунисаа со брак и го добија најубавиот подарк, во јавноста се уште се зборува за врската на Луна и Слоба Радановиќ, кога пејачот ја изневери сопругата Кија Коцкар во реалното шоу Задруга.
Тогаш многумина ја обвинуваа Луна дека била причината за прекин на бракот помеѓу Кија и Слоба, но по се изгледа дека Кристина и прости па сега и посака на нејзината најголема соперничка, се најдобро.
Многу учесници во шоуто Задруга и честитаа на Луна за приновата, а меѓу нив беше и најголемиот ривал Кија Коцкар.
Новинарите ја дочекаа Кристина на еден настан, па ја прашаа што има да и каже на Луна по породувањето.
– И посакувам се најдобро, но не би коментирала повеќе. Ако сакате да прашате некого за коментар за Луна, знаете кога треба да се јавите – рече Коцкар и на тој начин го прозва нејзиниот поранешен сопруг Слоба Радановиќ.
На прашањето дали ќе се појави на прославата на раѓањето, таа јасно стави до знаење:
– Не! Нема што да барам таму – рече Кија Коцкар.
За потсетување пејачката и победничката на „Задруга 1“ со своите фанови на Инстаграм сподели пикантерии и одговори на нивните прашања. Многумина се фатија за глава кога прочитаа што напишала.
„Првиот однос го имав кога наполнив 18 години. Ги советувам сите девојки да спијат со маж дури откако ќе бидат физички, емоционално и ментално зрели. Не треба никаде да брзаат. Од друга страна, бакнежот е убав, каде и да се случи“, одговори Кија без влакна на јазикот.
Кија раскажа дека како тинејџерка сакала да експериментира и дека водела љубов на концерт на Фифти Сент.
„Се сокривме некаде зад бината, беше возбудливо. Имав 20 години и сакав да експериментирам. Сега ме мрзи да сум под штрек, па тоа би го правела само во кревет“ изјави Кија и додаде дека има и домашно видео.
„Тогаш тоа беше лоша резолуција, па сигурна сум дека денес никој не би ме препознал и доколку се појави тоа видео на интернет“, раскажа Кија.