Дом и семејство
Катарина Грујиќ проговори по обвинувањата дека ја малтретира бебиситерката: Повеќе нема да трпам!
Вели дека нема да толерира лажни вести...
Катарина Грујиќ пред нешто помалку од една година за прв пат се оствари во улогата на мајка, а само неколку месеци по породувањето им се врати на настапите кои ги има неколку пати неделно.
Како и секоја вработена мајка, и Ката има помош во грижата за своето бебе, а неодамна се појавија натписи дека на бебиситерката која се грижи за нејзиното девојче не и дава мир.
– Испраќам двесте пораки, а дадилката ми вели: Те молам опушти се, спиеше, се е во ред и како што треба. Многу се плашам и сакам во секое време да знам дека се е во ред – објавија локалните медиуми кои ја револтираа пејачката.
По насловите за тоа како не и дава мир на дадилката, таа се огласи на својот Инстаграм и испрати јасна порака до сите.
– Ова е срамно веќе од ваша страна! Престанете да ме уништувате со лажни натписи и да создавате погрешна слика за мене! Не ве допирам, не ме допирајте, бидејќи вакви работи се добредојдени во суд, а јас немам намера повеќе да трпам некој да си игра со мене- беше јасна Грујиќ.
Катарина Грујиќ првиот настап го имаше само три месеци по породувањето.
Таа во една прилика истакна дека мајчинството ја променило на подобро и дека заедно и рамноправно со сопругот Марко Гобељиќ ја одгледува ќерката Катја.
“Мојот начин на живот се промени, но на подобро и поубаво.
Многу сум поисполнета во животот. Улогата на мајка за мене е најважната и најубавата улога во животот што може да се случи. Сè што се променило се промени само на подобро“, вели Ката за „Блиц“ и додаде:
„Отсекогаш сум била одговорна личност, а сега треба да бидам уште поодговорна и навистина сум. Би дала се за ќерка ми во животот. Правам се за неа и поголемиот дел од времето го поминувам со неа. Ме промени тоа да сум само со неа и апсолутно ништо во животот не ме интересира освен неа, и секако после неа, мојата кариера. Како што истакнува нејзиниот избраник Марко Гобељиќ, добро му оди како татко, а веќе ја разгалил ќерката Катја“.
Во една изјава непосредно по породувањето Катарина откри дека во бременоста многу се здебелила, но успеала да ослабне благодарение на здравиот начин на исхрана.
„Се здебелив некои 14 килограми во бременоста, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што и да јадеш, треба да јадеш. Така функционирав, но јас сум некој кој сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам“, изјави претходно Катарина.