Кафе муабет
КАРЛЕУША СИ ПОСВЕТИ ПИСМО САМА НА СЕБЕ И СИ ГО ЧЕСТИТАШЕ БОЖИЌ!
Пејачката наздрави во нејзина чест...
Празниците се време на честитки и убави желби, а традиционалната здравица не изостана годинава во куќата на Јелена Карлеуша.
И како што по непишано правило на другите секогаш им посакува се најдобро, пејачката овој пат испрати оригинална честитка. Наздравете за себе и во тоа име за сите магични години што доаѓаат.
– Секогаш наздравуваме за другите, на другите секогаш им посакуваме остварување на сонот, секогаш им честитаме на другите за нивните успеси… За промена, ќе наздравам за СЕБЕ! На здравје Јелена, ти беше голем борец претходната година, беше добар и благороден човек, направи многу добри дела, беше вредна, работеше и заработуваше, работеше напорно и успеа! Беше прекрасна мајка, добра пријателка, соработник од соништата… СРЕЌНА НОВА ГОДИНА, СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ТЕБЕ ШТО ПРЕЖИВЕА СЕ КАКО ЛАВ, ГОРДО ДИГНАШ ГЛАВА И ЗА ДОБРО И ЗА ЗЛО! ЈЕЛЕНА, НА Здравје ЗА СИТЕ МАГИЧНИ ГОДИНИ КОИ ДОАЃААТ! Живејте со полни бели дробови и бидете ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША, онаа која е инспирација, модел и причина! ЈДА ЖИВЕАМ ЈАС, напиша Карлеуша позирајќи со чаша вино пред огледалото во празнично издание.
Јелена проговори за односот со сопругот…
Бракот на српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ постојано е тема на дискусија. Имено и во новата 2022 година повторно е во центарот на случувањата.
Иако со својот новогодишен концерт ги подигна високите стандарди на шоу-бизнисот на овие простори, Јелена Карлеуша сепак најмногу ја интересира публиката како сопруга и мајка.
Токму во такво светло Јелена зборуваше во новогодишното интервју за „Ало!“ каде открила дека како мајка е многу посветена, а како сопруга дефинитивно е заслужна за опстанокот на бракот.
– Се додека сум во брак, тоа трае само затоа што го задржав. Жената е столб на секое семејство. Сите жени на Балканот се борци од тој вид, ми се чини – изјави Јелена.
Јелена на овој начин стави крај на сите пишувања за тоа како нејзиниот брак е во криза, но откри и дека за неа врската со Душко е нешто свето и нема место за развод.