Кафе муабет

Испливаа нови фотографии: Познатиот фолкер Џани фатен на дело со атрактивна бринета!

Според шпекулациите на медиумите, станува збор за неговата стара љубовница...

Денес во медиумите се појавија слики од пејачот Радиша Трајковиќ Џани, на кои се гледа како го бакнува атрактивна бринета.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Сликите од наводната прељубна постапка на пејачот беа објавени на неговиот профил на Инстаграм.
Според шпекулациите на медиумите, станува збор за неговата стара љубовница. Одамна се шпекулираше дека пејачот е виден со љубовницата во авион, а сега се наведува дека со неа го прославил роденденот.

фото принтскрин/твитер
Фото Инстаграм/ Dzanimusic
Фото Инстаграм/ Dzanimusic

За целата ситуација зборуваше и сопругата на пејачот, која не беше изненадена од новинарските прашања.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Не сум ги видела тие нови фотографии, знам само за оние од 2016 година, сето тоа е старо. Не знам од каде дојде оваа приказна. Ќе ги разгледам новите слики и ќе споредам, ако излезе дека се случува нешто со кое што не сум запознаена, ќе направам хаос- рече Слаѓа за српскиот портал Република.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Не знам што да кажам, не сум прочитала ништо, мојот сопруг е секогаш со мене, не знам. Ова се стари фотографии, сигурно, убаво живеам, ништо друго не ме интересира – објасни таа во изјава за Телеграф.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic
Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Да потсетиме, наводната љубовница на Џани, извесна Сања, важи за многу атрактивна девојка, за која многумина сонуваат, но се чини дека популарниот пејач успеа да ја освои.

За нивната љубовна врска се пишуваше и порано, а Сања многу вешто ги чува нивните заеднички слики од 2016 година.

фото инстаграм/ Слаѓа

Инаку за Џани и Слаѓа постојано се пишуваше дека имаат проблеми во бракот, а судејќи според приказните, тој и неговата сопруга Слаѓа планираат да се разведат.

Целата приказна беше поттикната од информацијата дека познатата брачна двојка наводно за прв пат отишла на одмор одделно.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Слаѓа летуваше во Турција, додека Џани поголемиот дел од деновите ги минуваше во Црна Гора.
Тие досега не се огласија за ова. Пејачот неодамна објави фотографија во друштво на адвокат, потпишувајќи некои документи. Она што ја шокираше јавноста е описот на фотографијата каде пејачот напиша: „Готово е“.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Сите веднаш помислија дека станува збор за развод, а ниту Џани ниту Слаѓа не одговорија за што станува збор.

Инаку сопругата на Џани беше мета на критики откако реши да проговори за моменталната ситуација и се пожали дека кризата им затропала на вратата.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

-Никогаш не сум тропнала на ничија врата, кој има ѓубре не гледа во неговиот двор, туку во нечиј друг. Ниту се фалам, ниту се жалам. Прилично е лоша ситуацијата, живееме со тоа. Имавме некои планови, но и некои трошоци. Да знаев дека ќе потрае ситуацијата подолго време, можеби немаше да инвестирам во нешто. Секој има свои маки – рече Слаџа и додаде:

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Луѓето постојано се прашуваат што јадеме? Па, јадеме паштета и леб, пржени јајца, јадеме како што и нормалниот свет. Дали некој прашува каде е едното дете, па друго, па третото, каде е едниот, каде е другиот стан, колкави ни се долговите? На пејачите им е лесно да заработат многу, но никој не потенцира дека имаме многу трошоци. Никој во ситуацијава не ми прости долг и никој не праша дали имаш пари да платиш? – заклучи сопругата на Џани за „Стар“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close