Кафе муабет

ИСКРЕНО СВЕДОШТВО НА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА: Еве како мојата мајка ме научи да се почитувам себеси!

Непроценливи совети од познатата актерка кои ќе и помогнат на секоја мајка

Имав можеби седум години, мислам дека прв пат отидов да спијам кај другарка. Не се ни сеќавам на нејзиното име. Но, пред да одиме во нејзината куќа, мајка ми ми рече дека ако се чувствувам лошо, непријатно, во кое било време, од која било причина, дури и среде ноќ, може да и се јавам, вака ја започнува актерката Ерин Брук својата неверојатна приказна со која привлече големо внимание на Твитер.

 

 

Имено таа во јавноста неодамна откри како нејзината мајка ја научила да поставува граници и да се почитува себе си.

 

 

„Сакам да ви раскажам приказна за тоа како мајка ми ме научи дека секогаш имам право да излезам од ситуација што не ми се допаѓа, додава Ерин.

Кога ме пушти за прв пат да преспијам во домот на мојата другарка, таа беше сосема јасна. Рече дека дури и ако родителите на мојата пријателка спијат, доколку јас се чувствувам непријатно и сакам да ди одам дома, да тропнам и уштиво да го побарам нивниот телефон за да ја повикам да дојде.

 

 

Многумина ќе се сложат дека оваа приказна која ја раскажува актерката е одличен пример за тоа како да ги научиме децата да се водат според своите чувства, наместо да ги игнорираат.

Ерин преку својата приказна раскажува дека нејзината мајка ја научила на она што всушност е најважно во животот а тоа е : Секогаш да бидеме одлучувачки во животот, доколку се чувствуваме лошо во некоја ситуација, можеме да си заминеме и да не го трпиме она што прави да се чувствуваме непријатно, таа никогаш не ме праша зошто и од која причина и се јавувам, едноставно ме научи дека секогаш можам да се потпрам на неа.

Мислам дека една од моите пријателки (бевме повеќе) ме задеваше. Дефинитивно не беше работата во тоа дека не можев да заспијам, или дека ме исплашила со нешто, друго се случуваше, нешто меѓу нас. И се послушав на мајка ми, продолжува актерката.

Мајката на мојата другарка кај која бев се обиде да ме спречи да и се јавам на мајка ми велејќи дека е доцна, но јас реков дека на мајка ми не и пречи тоа. Таа рече дека можам да спијам на каучот ако сакам, јас реков дека сакам да одам дома. Рече дека нејзината ќерка сега е вознемирена поради мене но јас и реков дека ме повредија.

Во пижами и јакна, мојата мајка веднаш дојде. Мајката на мојата пријателка постојано се извинуваше што се јавив толку доцна да ја повикам, а мајка ми само крена рака и рече: „Не извинувај се за моето дете. Само сакам да знае дека е во право и секогаш можеме да си одиме кога не и е пријатно и дека ќе бидам тука за неа “ раскажува Ерин.

Foto: Canva

Не можам навистина да кажам дека секогаш ги следев своите чувства и ги почитував своите граници. Не можам да кажам дека никогаш не сум проголтал кнедла за некој друг да не се чувствува непријатно. Но, можам да кажам дека она што таа ме научи беше важно. Тоа беше и е радикално различно од она што ги учат децата.

Актерката вели дека ова и било животна лекција и сега кога е возрасна навистина сфаќа што е она што ја научила нејзината мајка.

 

foto: Instagram/ Erynn Brook

За некои луѓе, за некои ситуации, нема излез. Но, многу често остануваме во некои ситуации затоа што сметаме дека не е дозволено. Таа вечер размислував на она што мајката на мојата другарка не советуваше а според мене сега како возрасен човек тоа е сосема погрешно. Велеше дека едноставно треба да се соочам со фактот дека некои луѓе едноставно се такви, таа ни рече дека не треба да малтретираме никој и да правиме лошо. Мене ми посочи дека може да легнам да спијам и да не размислувам на тоа што се случи бидејќи до изутрина проблемот ќе се заборави а јас само правам драма, на што почнаа сите да ме исмеваат, завршува актерката.

foto: Instagram/ Erynn Brook

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close