Кафе муабет

Балканците лудуваат по нив: Жените родени во овој знак имаат неверојатна моќ и шарм!

Вагите се најшарматниот знак во зодијакот

Шармот, насмевката и желбата за независност е она што ги прави вагите толку привлечни.

Вагата секогаш бара независност и самостојност, особено во донесување на важни одлуки. Ако погреши – отворено го признава својот погрешен став, токму во тоа и е шармот на една Вага.

За Вагите љубовта е од големо значење. Бидејќи се променливи и немирни, тие честопати запаѓаат во конфликти и драматични ситуации, но од се’ знаат да пронајдат излез. Во бракот се нежни, чувствителни и бараат мир.

 

Најголемиот подарок што може да и ја подарите на  Вагата е вашето време и љубов. Тие имаат мека романтична душа и носат многу љубов и мир.

Во знакот на романтичната Вага се родени и неодоливите  Гвинет Палтроу и Моника Белучи.

Гвинет важи за нежна и тивка, и буквално потсетува на самовилите кои ги замислувавме во нашите соништа.

Моника Белучи е страствена која зрачи со сексипил. Таа буквално ги привлекува сите погледи каде и да се појави.

Иако сосема различни, сепак она што ги поврзува е тоа што и двете се неодоливи.

foto: Magazin Balkan EU

Да,тоа е карактеристика на жените родени во знакот на Вага. Ним не може да им кажете не, ниту да ги одбиете за нешто. Жените родени во знакот на Вага, важат за најшармантни. Тие често пати знаат да го искористат својот шарм за полесно да стигнат до својата цел.

Вагата сака да биде прифатена и да се докажува, но никогаш нема да се откаже од своите верувања. Жените родени во хороскопски овој знак се многу креативни, па затоа често се принудени да се воздржат и да придонесат многу помалку од својот максимум само за да ги добијат комплиментите што ги сакаат.

Со Вагата бидете внимателни, ако ја злоупотребете нивната добрина, тогаш за нив ќе бидете засекогаш избришани.

Кога станува збор за љубовта, Вагата игра отворено и без скриени адути во ракавот, а истото го бара  и од својот сакан.

foto moj portal

Кога е заљубена таа е подготвена да се откаже без никакво двоумење – но драги Ваги, сепак бидете внимателни, бидејќи не сите луѓе се како вас!

Лесно може да се случи тие да ја прогласат вашата искреност за наивна и да ве повредат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close