Кафе муабет

Ирена Спасовска откри каков партнер сака – ДА МИ ДАВА ПО 100 ЕВРА ЗА МАСАЖА И ЛИЦЕТО ДА МИ БЛЕСКА

Директна и искрена пејачката откри...

Секогаш интересна и контроверзна  за јавноста, знае како да го привлече вниманието на публиката.  Освен со богата музичка кариера, пејачката Ирена Спасовска може да се пофали и со одличен и бескрпекорен изглед.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 година додека постоеше.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и познатиот Ферус Мустафов.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Таа умешно и доста примамливо на свој начин го сервира нејзиното секојдневие на нејзината публика.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

– Мора да се следат светските трендови, ние не сме продавачки на цвеќиња, ниту продавачки во супермаркет и нормално дека од нас се очекува да има некоја попровокативна фотографија со која не само што ќе се привлече вниманието туку и ќе се истакне тоа што е убаво кај жената – истакна во едно свое интервју пејачката.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Во една од емисиите на Нешто Конкретно со Снеже Велков, Ирена говореше за вистинските партнери и за тоа каков парнтер очекува и посакува.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

,,И нормално ние сме тие- жените кои имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот, секако дека ќе му дадам знак. Па да, не сум баш многу активна на тоа поле, морам да кажам” – истакна Спасовска

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

 

За што точно бара кај партнерот таа јасно одговори  што би и’ годело:

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

-Koга имаме добар партнер, духовит партнер, значи лицето ќе ни биде весело, секогаш насмеано. И уште ако ни каже „Еве ви 100 евра, па отидете си малку на масажа.

 Да си направите една убава масажичка, едно убаво третманче, па лицето ќе ни блеска, изјавила Спасовска.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Ирена важи за голем хедонист. Па така постојано можеме да ја видиме на некое патување.

Последно, таа уживаше во македонскиот бисер – Охрид.

Фото:Ирена Спасовска/Инстаграм

Таа одмараше покрај езеро, а уживаше и во познатиот СПА  центар во еден од охридските хотели.

Фото:Ирена Спасовска/Инстаграм

Пејачката дефинитивно знае како да ужива и како да го искористи секој нов ден.

Фото:Ирена Спасовска/Инстаграм

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close