MAMA
Инструкторка по летање зaгина откако студентот кој бил на час направил фатална грешка
Љунгман, лиценциран комецијален пилот била прогласена почината на местото на несреќата
Млада шведска инструкторка по летање загинала откако 18 годишен ученик кој бил на обука, го подигнал предниот дел од малиот авион премногу високо за време на полетувањето, по што авионот изгубил контрола и се урнал.
Викторија Терези Изабел Љунгман, 23 години, била запишана на Универзитетот Хемптон во Вирџинија со тениска стипендија, за на крајот да заврши како инструктор по летање.
Во четвртокот околу 15 часот, таа и Олувагбохунми Ајомиде Ојебоде, 18 годишен, влегле во авионот на закажана лекција по летање за студентот.
Но, трагедијата се случила кога Ојебоде го насочил авионот нагоре под многу стрмен агол за време на полетувањето. Тоа довело до ситуација авионот да застане на околу 100 стапки височина по што истиот се урнал во ров.
Љунгман која била лиценциран комерцијален пилот, со живеење во Вилијамсбург, Вирџинија по дипломирањето, била прогласена за почината на местото на несреќата.
Ојебоде, роден во Мериленд и уште еден 18 годишник кој бил со нив во авионот, биле пренесени во локалната болница со повреди кои се сметаат за опасни по нивните животи.
Двајцата студенти кои студирале на Универзитетот во Вирџинија се студенти на Универзитетот Хемптон и двајцата биле запишани на курсот за часови по летање.
Универзитетот има партнерство со локално училиште за часови за летање надвор од меѓународниот аеродром Њупорт Њуз-Вилијамсбург, каде Љунгман била инструкторка.
Многу често своите летови ги документирала на Инстаграм.
Чарли Хадсон, кој игра во машкиот тениски тим, ја нарекол Љунгман свое семејство и изјавил дека, да биде комерцијален пилот е се што таа сакала некогаш да направи. Тој додава:
-Таа беше личност која постојано беше насмеана. Имаше заразна позитивна енергија и беше личност покрај која би сакал да си секогаш.
Мјана Мерби, цимерката на Љунгман изјавила:
-Бевме цимерки кои доаѓаат од две различни култури, но одлично се согласувавме. Бевме учителки една на друга, таа ме научи многу за нејзиното шведско потекло, па дури и ме покани да ја посетам Шведска еден ден. Јас ја научив за моето афроамериканско наследство, што придонесуваше до многу разговори помеѓу нас, бидејќи Викторија беше многу љубопитна.
-Таа беше личност каква можеш да запознаеш еднаш во животот. Ќе ја сакам засекогаш-додаде таа-пишува Дејли Меил.
Љунгман ја добила својата дозвола за инструктор во април оваа година, откако ја добила лиценцата за комерцијален пилот во Март 2021 година.
Универзитетот објави соопштение во кое даде изјава само по прашање на двајцата студенти, велејќи:
-Универзитетот Хемптон е свесен за несреќата што се случи денес во која учествуваа двајца наши студенти. Се истражува точната причина за несреќата. Од почит кон студентите и нивните семејства нема да даваме дополнителни коментари во овој момент.
Надлежните органи се уште ја истражуваат несреќата.
Извор: Дејли Меил