Дом и семејство
Имаше 47 синови и една ќерка: Оваа убавица е единственото девојче на Есма Реџепова- еве како изгледа денес Елеонора
Благодарна е на се што научила од Есма...
Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова имаше 47 момчиња а посвои и едно девојче, единствената нејзина ќерка Елеонора Мустафовска.
Дека Есма беше голем хуманитарец говори и фактот што им помагаше на сите но и тоа што ги одгледа сите деца како свои. Им подари многу љубов и ги одведе на вистинскиот пат.
Таа ја посвои Елеонора пет години пред нејзината см/рт и немаше ништо друго освен пофални зборови за неа кога и да ја прашаат.
– Одлично се согласуваме, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имаш женско дете со тебе отколку машко и не згрешив, рече во една прилика пејачката.
Елеонора студирала на Универзитетот ЕСРА во Скопје. Таа беше и член на бендот на Есма, кој ја придружуваше пејачката, изјави во една прилика ромската кралица.
По завршувањето на студиите и по смртта на нејзината мајка, Елеонора продолжила да се занимава со музика, под уметничкото име Малиша.
– Нејзиното заминување ме растажи до болка, ми требаше долго време да почнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Сè уште верувам дека таа ме чува од небо и дека е среќна што тргнав по нејзините стапки, изјави Елеонора.
Во една од своите потресни исповеди, Елеонора зборува за последните денови на нејзината мајка и надежта за закрепнување што ја чувствувале до самиот крај.
Имено, Реџепова две недели пред смр=тта била во болница, на медицински апарати, а сите членови на семејството и покрај тешката состојба се надевале на најдоброто.
„Многу ми е тешко што ја нема. Таа имаше многу сериозни здравствени проблеми со дијабетес и беше во болница последните две недели. Мама беше на апарати, но сите се надевавме дека ќе се извлече. За жал, тоа не се случи се случи“, рече тогаш Елеонора и откри дека Есма цело време била во кома.
„Ништо не кажа, бидејќи беше во кома и лекарите на сите начини се бореа да ја извлечат од таа состојба“, рече тогаш единствената ќерка на Есма.
Елеонора не криеше колку биле поврзани со Есма.
„Имавме врска како вистинска мајка и ќерка. Изгубив личност која ми значеше многу во животот. Таа ме научи да пеам, како да се борам низ животот и ми покажа што значат човечките вредности. Таа беше нешто посебно и многу ми недостига тешко ми е што ја изгубив“, рече Мустафовска по загубата на Есма.
Есма Реџепова поч/ина во 2016 година на 73-годишна возраст по кратко боледување. Покрај богатата музичка кариера таа беше и голем хуманитарец кој во период од 50 години посвои 48 деца, за кои се грижеше до сво/јата см-рт.