Кафе муабет
„Извини Луна но јас прва го имав“ – познатата стapлета ја шoкиpaше јавноста!
Таа објави фотографија и упати порака до Луна!
Во описот на фотографијата Атина напиша многу провокативна порака што и ја испрати на Луна…
Луна Џогани и Марко Милјковиќ уште од самиот почеток на нивната врска ги следеа низа скандали но сепак тие покажаа дека љубовта е посилна од се и пред извесно време го кажаа судбоносното “Да”.
Иако долги години се во емотивна врска сепак нивните поранешни партнери секојдневно сведочат за по некоја случка, па така и овој пат старлетата Атина Ферари најверојатно сакајќи да предизвика љубомора кај новопечената мајка објави фотографија на која се гледа како го бакнува Марко Милјковиќ.
Во описот на фотографијата Атина напиша многу провокативна порака што и ја испрати на Луна.
Извини, Луна, но јас прва го имав“, напиша старлетата на својата сторија на Инстаграм.
Ниту Луна ниту Марко не се огласија по оваа објава, но корисниците на социјалните мрежи не можеа да молчат.
-Жал ми е, некогаш беше, сега е поинаку! Бравооо Лунчи, честитки! Јавете се на Ена Попов, итно е – ова беа само некои од коментарите.
Потсетуваме, Луна и Марко неодамна ја добија ќеркичката Миа а сега уживаат во улога на родители.
Инаку Луна и Марко најавија дека на својот Јутјуб канал ќе снимаат реално шоу заедно со својата ќеркичка Миа, а неодамна го објавија и првото видео без цензура.
За потетување Луна се породи на 15 јуни а гордиот татко ги изнесе од породилното.
Иако Марко и баба Анабела по „Задруга3“ не беа во добри односи, сепак по се изгледа пејачката и зетот се смирија поради нивната внука која ги омекна срцата и ги стопи сите бариери а Анабела објави фотографија и кратко напиша: Фала ти Господе.
Инаку, новопечената мама изгледаше прекрасно по излегувањето од болницата. Таа носеше краток зелен фустан со кој ги изненади сите, а на лицето немаше ни грам шминка и повторно изгледаше свежо и одморено.